Метафора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Метафората како изразно средство е споредбена стилска фигура кај која при споредувањето на два поими или две слики се изоставувааат зборовите: како; слично и исто како.


Метафората е една од најчестите стилски фигури. Таа, всушност, е збиена компарација. Корените на метафората како изразно средство се во секојдневниот говор. Кога на некого ќе му се рече: лав, сокол, јагне и слично, всушност се прави споредба на некоја особина на тој човек со слична таква особина кај животното или птицата. Со зборот лав се споредува силата, со сокол - смелоста, со јагне - кроткоста. Во поезијата кога поетите прават метафора, односно споредба меѓу два поими, се создава замена на еден поим со друг според сличноста што ја имаат. На пример во стиховите на песната „Ѕвона“ на Матеја Матевски:

                                    „Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
                                       Звуците се бранови на ветероот
                                       низ тревите прогонети.“

Звуците на ѕвоната поетот ги споредува со „бранови на ветерот“, без да го употреби зборот како и поимот звуци е заменет со поимот „бранови на ветерот“. Метафората како стилска фигура нема само описно значење. Во неа поетот внесува емотивност и сликовитост. Во звуците на ѕвоната имало нешто морничаво, како во звуците на ветерот, кој е вознемирувачки разбрануван.

Метафората може да се состои од еден збор или од поетска слика од неколку зборови. На пример, во стиховите од народната песна „Пелин била вечерата, трње била постелата“ непријатната вечера е споредена со еден збор „пелин“, а неудобната постела пак со еден збор - „трње“. Како на пример за метафора развиена во поетска слика ги цитирам стиховите од песната „Снег“ на Блаже Конески.


                                     „Завева белиот снег, 
                                      неколку првични пата, 
                                      долу пред мојата врата 
                                      гинат белокрили јата, 
                                      тихо во спокој мек.“ 

Првата слика е врнење на снег пред поетовата врата. Втората слика е споредување на белиот снег со белокрили јата кои се губат во спокој мек. Метафората треба да биде логична и јасна, но се случува кај некои поети таа да не може лесно да се сфати.

Trendafilka (разговор) 16:54, 24 октомври 2010 (CEST)