Вилијам Шекспир

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Вилијам Шекспир (англиски): William Shakespeare) бил најзначаен претставник на англиската ренесанса. Се родил во градот Страдфорд 1564 год во богато трговско семејство. Во родниот град завршил оснивно образование и му помагал на татко му во трговските дејности. На 18 год се оженил за ќерката на богат земјопоседник. На 23 год поради интересот кон театарот се преселил во Лондон, каде по неколку години стапил во најистакнатата театарска група чии членови го основале театарот `ГЛОБУС`. Во него бил поставувани и играни драмите на Шекспир. И пред да стапи во таа група пишувал драми кои на почетокот биле преработки на стари драми а подоцна пишувал оригинални. Неговите современици го признаваат како најголем драматурк и го споредуваат со Плаут и Сенека (основачите на латинската драма. Шекспир станал славен со театарска дејност. Четири год пред неговата смрт се повлекол во роднит град каде умрел 1616 год. Тој зад себе оставил богата литературна дејност. Пишувал различни литературни видови - епови, сонети и драми. Тој е автор на епот `Венера и Адонис` во кој темата е несреќната љубов на Венера кон Адонис кого повеќе го интересира ловот од љубовта и умира од дива свиња. Исто така под влијание на Петрарка пишувал сонети со теми љубов, пријателство, љубомора итн. Пишувал драми и неговото творештво се дели на три преиоди. Во првиот перод пишвал комедии во кои ликовите се луѓе кои сами се кројачи на својата судбина како на пр. `сон на летната ноќ`, `Венецијанскиот трговец` и др. Во вториот Период пишувал трагедии во кои ликовите се луѓе жртви на судбината како на пр. `Отело`, ` Кралот Лир`, `Ромео и Јулија`, ` Магбет`, `Хамлет` и др. Во нив има судир меѓу човечноста и подлоста. Во третиот пероид пишува пиеси како на пр. `Зимска бјка`, `Бура` и др. во овие драми има фантастка и темата е човекот кој наоѓа излез од трагичниот круг.

Други јазици