Грлица

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грлица
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Гулабовидни
Фамилија: Гулаби
Род: Streptopelia
Вид: Грлица
Биномен назив
Streptopelia turtur
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Turtur communis[2]

Грлицата (Streptopelia turtur) е член на фамилијата гулаби. Ја има во Македонија.

Распространетост и статус[уреди]

Грлицата е распоространета низ јужниот палеарктик, вклучувајќи ја и Турција и Северна Африка, а поретка е во Скандинавија и Русија. Таа е птица преселница која зимува во Јужна Африка.

Грлицата ја има во: Авганистан, Албанија; Алжир; Андора; Австрија; Азербејџан; Бахреин; Белорусија; Белгија; Босна и Херцеговина; Бугарија; Буркина Фасо; Велика Британија; Габон; Гамбија; Грузија; Германија; Гана; Гибралтар; Грција; Гвинеја; Гвинеја-Бисао; Данска; Египет ; Еритреја; Ерменија; Естонија; Етиопија; Зелено'ртски Острови; Иран; Ирак; Ирска; Израел; Италија; Јордан; Јемен; Казахстан; Камерун; Катар; Кина; Кипар; Киргистан; Кувајт; Латвија; Либан; Либија; Лихтенштајн; Литванија; Луксембург; Мавританија; Македонија; Мали; Малта; Мароко; Молдавија; Монголија; Нигер; Нигерија; Обединетите Арапски Емирати; Оман; Палестина; Полска; Португалија; Романија; Руската Федерација; Саудиска Арабија; Западна Сахара; Сенегал; Сиера Леоне; Сириска Арапска Република; Словачка; Словенија; Сомалија; Србија; Судан; Јужен Судан; Таџикистан; Того; Тунис; Турција; Туркменистан; Узбекистан; Украина ; Унгарија; Фарските Острови; Финска; Франција; Холандија; Хрватска; Црна Гора; Чад; Република Чешка; Швајцарија; Шведска; Шпанија.[3]

Во Европа, бројот на овие птици е значително намален (за 62%),[4] најверојатно заради промените во земјоделието, а делумно заради убивањето на птиците во Медитеранот, за време на нивните миграции.

Опис[уреди]

Грлицата е помала и послаба од многу други гулаби. Долга е 24-29 см, има распон на крилјата 47-55 см и тежи 85-170 грама.[5][6] Се препознава по покафеавата боја и по црно-белите линии на страните од вратот. Опашката се забележува кога птицата лета кон набљудувачот, има клинест облик и во средината е темна, а има бели рабови и врвови. Кога се гледа одоздола, оваа шара заради белите подопашни пердуви со темна основа, се чинат како црни на бела позадина. Ова се гледа кога птицата застанува да пие и ја поткрева раширената опашка.

Младенче во Шведска
Streptopelia turtur turtur јајце

Возрасните птици имаат синосиви врат, глава, слабини и задница, а крилјата се цигла боја прошарани со црно. Градите се вино боја, а стомакот и под опашката е бело. Клунот е црн, а нозете и околу очите е црвено. Кај младенчињата отсуствуваат црно-белите линии на вратот, тие се покафаеви и побледи и имаат кафеави нозе.

Грлиците се едни од последните преселници кои пристигаат на север при крајот на април, а си заминуваат на југ во септември.

Ова е птица која повеќе сака отворени од многу шумовити предели, и често се храни на земја. Повремено може да гнезди во големи градини, но вообичаено е многу плашлива, најверојатно заради тешкиот прогон и лов за време на миграциите. Летот е опишуван како стреловит, но не премногу брз.

Свадбениот лет, висок и кружен, наликува на оној на гулабот гривнаш, но спуштањето надолу е понеодлучно и придружено со камшикувачкиот звук кога ги спушта крилјата. Пристигнувањето напролет е забележано со карактеристичниот грлен звук, длабокото, вибрирачко пуррр-пуррр, од кој птицата го добила своето име.

Неколку други гулаби од истиот род, исто така, се нарекуваат грлици:

  • азиските S. orientalis и S. chinensis;
  • африканските S. lugens и S. senegalensis.

Во културата[уреди]

Најверојатно заради библиската метафора на грлицата во „Песна над песните“, со нејзиниот волшебен глас и заради фактот што формира силна врска, таа станала симбол на посветена љубов.

Во Новиот завет, две грлици се споменува дека се жртвувани при раѓањето на Исус.

Во ренесансна Европа, грлицата е претсатвена како посветен партнер на птицата феникс. Такво значење има во поемите на Роберт Честер и Вилијам Шекспир („Феникс и грлица“). И во многу народни песни грлицата е поврзана со љубовта и посветеноста.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]