Човек

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Human.png

Човек (множина луѓе) како вид спаѓа во биолошката класификација Homo sapiens (латински за "разумен човек"): двоножен цицач што и припаѓа на родот Homo (човек) на фамилијата човеколики мајмуни, заедно со видовите шимпанзо, бонобо, горило и орангутан. Луѓето се издвојуваат во однос на останатите човеколики мајмуни по исправеното држење на телото што ги ослободува горните екстремитети за управување со предмети, како и по високо развиениот мозок и способноста за апстрактно мислење и артикулиран говор.

Според однесувањето, луѓето се дефинираат по нивниот јазик, култура, организација во општество со групи и институции за меѓусебна поддршка и помош, како и по развиената технологија.