1592
| < 15 век | 16 век | 17 век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1592 MDXCII |
| Ab urbe condita | 2345 |
| Асирски календар | 6342 |
| Бахајски календар | -252–-251 |
| Бенгалски календар | 999 |
| Берберски календар | 2542 |
| Будистички календар | 2136 |
| Бурмански календар | 954 |
| Византиски календар | 7100–7101 |
| Еврејски календар | 5352–5353 |
| Ерменски календар | 1041 ԹՎ ՌԽԱ |
| Етиопски календар | 1584–1585 |
| Календар Игбо | |
| - Нри-Игбо | 592–593 |
| Ирански календар | 970–971 |
| Исламски календар | 1000–1001 |
| Јапонски календар | Теншо (период Момојама) 20Бунроку 1 (元年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 10 дена |
| Кинески календар | 辛卯年月日 (4228/4288) — до —
壬辰年月日(4229/4289) |
| Коптски календар | 1308–1309 |
| Корејски календар | 3925 |
| Календар Мингуо | 320 пред РК 民前320年 |
| Селевкидски календар | 1903–1904 |
| Тајландски сончев календар | 2135 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 1648–1649 |
| - Шака самват | 1514–1515 |
| - Кали југа | 4693–4694 |
| Француски револуционерен календар | – -200–-199 |
| Холоценски календар | 11592 |
| Џуче-календар | нема (пред 1912) |
1592 (MDXCII) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1592. година од новата ера, 592. од вториот милениум, 92. од 16 век и трета од 1590-тите.
Содржина |
Други календари [уреди]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7100 и 7101 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6342 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5352 и 5353 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2345.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1592. година се протега во 4228 и 4229, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4288 и 4289 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2135. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1000 и 1001 исламска година.
Настани [уреди]
- 30 јануари - Смртта на папата Инокентиј IX претходната година, го остава папскиот престол празен. Иполито Алдобрандини е избран за папа Климент VIII.
- 4 април - Идниот крал на Франција, Анри IV, во декларацијата наречена "Expedient" ја објавува својата намера да се преобрати во католичка вера.
- Основан е Тринити Колеџот во Даблин, најстариот универзитет во Ирска.
- Започнува Седумгодишната Војна меѓу Кореја и Јапонија.
Родени [уреди]
- 22 јануари - Пјер Гасенди, француски философ и научник
- Мустафа I, султан на Отоманската Империја
Починале [уреди]
- 13 септември - Мишел де Монтењ, француски писател
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1592“ |
