Римски бројки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бројни системи кај разни народи и култури
Индоарапски бројки
Западноарапски
Источноарапски
Индиско семејство
Бурмански
Кмерски
Монголски
Тјаландски
Источноазиски бројки
Јапонски
Кинески
Суџоу
Корејски
Виетнамски
Стапчиња
Азбучни бројки
Абџадски
Арјабатини
Ерменски
Етиопски
Грчки
Кирилични
Хебрејски
Други системи
Егејски
Атички
Вавилонски
Брамански
Египетски
Етрурски
Ескимски
Мајански
Кипу
Римски
Поле со урни
Положбени системи по основа
Декадни (10)
1, 2, 3, 4, 5, 6, 8, 12, 16, 20, 30, 36, 60 повеќе…

Римските бројки се броен систем кој потекнува од стариот Рим, а доста се користел и во средниот век, со мали измени. Броевите наведени во табелата се третирале како „основни“ и за нив постоеле основни знаци.

Арапски број Римски број
1 I
5 V
10 X
50 L
100 C
500 D
1000 M


Останатите броеви се добиваат со додавање или одземање на знаци. На пример броевите после основниот број во горната табела се добиваат со додавање на знаци до „трето ниво“ а броевите непосредно до основниот број се добиваат со одземање на знак лево од претходниот основен број.

Пример 2 се добива со додавање на еден знак I до I, 3 со додавање на 2 знака II до I, 8 со додавање на 3 знака до V, 30 додавање на 2 знака XX до X. Додека пак броевите 4, 9, 40, и.т.н. се добиваат на следниот начин. Пред бројот 5 (V) се става знак I (што значи 5-1 = 4) и IV e бројот 4. Пред X се става знакот I и се добива бројот IX (односно 10 - 1 = 9). Пред L се става X и се добива XL (т.е. 50-10=40). Пред М се става C и се добива CM (т.е. 1000-100=900), и.т.н.

Еве некои римски броеви:

Арапски број Римски број
1 I
2 II
3 III
4 IV
5 V
8 VIII
9 IX
10 X
20 XX
22 XXII
40 XL
50 L
79 LXXIX
90 XC
100 C
149 CXLIX
399 CCCXCIX
400 CD
500 D
900 CM
1000 M

Денешниот датум 06.06.2013 се запишува: VI.VI.MMXIII