Август (титула)
Август (лат.: Augustus = "величествен", "возвишен", или "почитуван") е староримска титула што за првпат на 16. јануари 27 год. п.н.е., како когномен (прекар), од страна на Сенатот му била дадена на императорот Гај Јулиј Цезар Октавијан[1] и која потоа вообичаено им се давала на блиски роднини на императорот. Женска форма на титулата е Августа.
Иако употребата на когноменот Август воопштено се сфаќа само како начин за идентификување на императорот Октавијан Август, ова донекаде е погрешно; всушност, тоа е најзначајниот назив поврзан со името на императорот, иако не претставувал некаков вид на официјална законска титула се до III век, кога на царскиот престол седнал Диоклецијан. Оттогаш називот станал повеќе формален, укажувајќи на единствен владетел на Империјата, во чии раце била концентрирана сета моќ.
Грчкиот еквивалент на титулата е sebastos, или хеленизирано augoustos. По падот на Империјата користењето на зборот не било невообичаено како име што им се давало на мажите во Европа кои имале аристократско потекло, особено во земјите на Светата Римска Империја.
