Портал:Стар Рим

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
уреди   

СТАР РИМ

Vexilloid of the Roman Empire.svg

Римската држава била создадена на Апенинскиот полуостров. Опкружен од три страни со мориња, слабо разгранет брег, имал блага клима и мошне плодна земја. Северниот дел од полуостровот е рамничарски и погоден за земјоделие, а средниот и јужниот се планини кои се погодни за развој на сточарството.

Во страриот век на Апенинскиот Полуостров живееле многу племиња. Најпознати биле: Галите, Италите, Латините, Умбрите, Самнитите и други. По Италите подоцна Апенинскиот Полуостров го добил името Италија. Во јужниот дел на Апенинскиот Полуостров и на Сицилија живееле колонии на Хелените и овој дел бил наречен Магна Граециа.

Етрурците ја населувале Средна Италија (ден. област Тоскана). Тие биле едни од најстарите жители на Италија. Нивното потекло се уште не е точно утврдено. Тие во 8 и 7 век п.н.е имале свои градови со развиено занаетчиство и трговија. Градовите биле со поплочени улици, тротоари, канализација и водовод. Етрурците имале високо развиена култура. За тоа сведочат голем број на материјални остатоци. Тие извршиле големо културно и политичко влијание на римската држава. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Rimski instrumenti.jpg

Музиката бил важен дел од секојдневниот живот во Стариот Рим. Многу приватни и јавни настани биле придружувани од музика, од вечери до воени паради и маневри. Меѓутоа дискутирајќи за било која античка музика, нестручњаците, а и многу музичари мора да се присетат колку денешната музика зависи од нејзиниот развој во последните 1000 години; така, нашите поимувања за мелодија, скали, хармонија, па дури и инструментите кои ги користиме, би им се виделе необични на римјаните.

Чудно е, но денес помалку се знае за римската, отколку за старогрчката музика. За грците имаме ред (иако делумни) извори. На пример, ова се музичките теории на Питагора и Аристоксен (некои преку грчки, а некои преку подоцнежни римски извори), и има околу 40 дешифрирани примери за старогрчка музичка нотација. Прочитајте повеќе

уреди   

Дали знаете...

уреди   

Избрана слика

уреди   

Избрана биографија

Plinij.jpg

Гај Плиниј Сесил Втори (латински: Gaius Plinius Caecilius Secundus) (63 - околу 113), подобро познат како Плиниј Помладиот, бил правник, автор и природен философ во Стариот Рим.

Плиниј е роден во Комум, Италија, како син на замјопоседнк по име Луциј Сесил и неговата жена Плинија. Плиниј Помладиот исто така бил внук (по мајчина линија) на Плиниј Постариот.

Татко му умира млад; како резултат на тоа, Плиниј веројатно живеел со мајка си. Неговиот заштитник бил Луциј Вергиниј Руф, познат по дигањето на бунт против Нерон. По првичното туторување дома, Плиниј допатувал до Рим каде го продолжил образованието и учел реторика кај големиот учител и автор Квинтилијан и Никет Сакердос од Смирна. Прочитајте повеќе

уреди   

Категории

уреди   

Работи кои може да ги направиш

NaodW29-nowiki286369b71e7b327900000001

Еве неколку работи кои се потребни:
уреди   

Поврзани портали

уреди   

Стар Рим на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)