Триумвират

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стар Рим
Политика на и управување во Стариот Рим

Римско Кралство
753 п.н.е.510 п.н.е.
Римска Република
510 п.н.е.27 п.н.е.
Римска Империја
27 п.н.е.476

Принципат
Западно царство

Доминат
Источно царство

Редовни магистрати

Конзул
Претор
Квестор
Промагистрат

Едил
Трибун
Цензор
Управник

Вонредни магистрати

Диктатор
Магистер еквитум
Конзуларен трибун

Рекс
Триумвири
Децемвири

Титули и почести
Цар

Легат
Дукс
Официус
Префект
Викариј
Вигинтисексвири
Ликтор

Магистер милитум
Император
Принцепс сенатус
Понтифекс максимус
Август
Цезар
Тетрарх

Политика и право

Сенат
Курсус хонорум
Римски собранија
Колегијалност

Римско право
Римско граѓанство
Аукторитас
Курсус хонорум


Триумвират (од латински: „владеење на тројца“) или “тројка“ на руски, e опис на сојузништвото меѓу тројца подеднакво моќни политички или воени водачи - триумвири (лат.: triumvir, мн. triumviri)[1].

Нивното сојузништво ретко траело подолг период. Исто така, изразот може да се примени како опис на држава во која тројца различни воени водачи заеднички раководат со државата.

Римските триумвирати[уреди]

Првиот триумвират го склучиле Гај Јулиј Цезар, Гнеј Помпеј и Лициниј Крас. Тоа се случило во 60 год. п.н.е. и нивна цел била да ги заземат највисоките позиции во Рим. Затоа, Цезар во 59 год. п.н.е., станал конзул, а потоа отишол да ги пороби галските племиња. Кога успеал, настанала Галија, област која се простирала северозападно од Апенинскиот полуостров. Подоцна Галија станала римска провинција со која владеел токму Цезар.

Кога Лициниј Крас загинал во битката со парќанската војска во 53 год. п.н.е., односите меѓу Помпеј и Цезар заладиле и Првиот триумвират се распаднал.

Вториот триумвират бил склучен во 43 год. п.н.е. во градот Бононија (денешна Болоња) на северот на Италија, а бил помеѓу Марко Антониј, Емилиј Липид и Октавијан Август.

За разлика од првиот триумвират, кој имал таен карактер, вториот триумвират бил официјализиран со закон кој именувал “тројца со конзулски овластувања за уредување на државата“ (лат.: triumviri rei publicae constituendae consulari potestate). Триумвирите ја имале врховната власт во државата, единствено ограничена на период од пет години.

Наводи[уреди]

  1. Triumvir, Ancient Warfare Magazine article by Jona Lendering (анг.)