Теренциј

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теренциј

Публиј Теренциј Афер (Африканец) (лат. Publius Terentius Afer), повеќе познат само како Теренциј, е комедиограф (комичен драматург) од времето на Римската Република. Годината на неговото раѓање е спорна; Елиј Донат, во неговото нецелосно дело Commentum Terenti, смета дека Теренциј се родил во 185 п.н.е. [1]; Фенестела, од друга страна, вели дека е роден десет години порано, во 195 п.н.е..[2] Роден е во Картагина, но не бил картагинец како што вели неговото име; римјаните го користеле етнонимот Афер за луѓе родени во Африка, но за картагинците го употребувале исклучуво зборот Пуникус[3]. Теренциј бил веројатно од либиско потекло[4]. За прв пат неговите комедии почнале да се изведуваат во ~170-160 п.н.е., а умрел млад, веројатно во 159 п.н.е. во Грција или по пат, враќајќи се во Рим. Напишал шест пиеси, од кои сите се зачувани (за споредба, неговиот претходник Плавт напишал дваесет и една пиеса, сите денес зачувани).

Позната негова реченица е: „Homo sum, humani nihil a me alienum puto“ („Човек сум и ништо човечко не ми е туѓо“). Оваа реченица е од пиесата Себеизмачувач.

Биографија[уреди]

Теренциј се родил во богато семејство во Картагина кое банкротирало и било продадено на Теренциј, римски сенатор, кој подоцна го образувал младиот Теренциј, и воодушевен од неговите способности, го ослободил.

На возраст од 25 години Теренциј го напуштил Рим и никогфап не се вратил, по изведувањето на сите шест комедии кои и денес се изведуваат. Некои антички автори велат дека умрел на море.

Теренциевите пиеси[уреди]

Ракопис од комедија од Теренциј, 826 год.

Како и Плавт, Теренциј го прифатил грчките пиеси од подоцнежните фази на атичката комедија. Тој бил повеќе од преведувач, како штоп покажуваат современите откритија во старогрчките пиеси. Меѓутоа Теренциевите пиеси се одвиваат во очигледно „грчки“ окружувања, без романизација на ликовите и ситуациите.

Теренциј мошне се трудел да пишува во природен разговорен латински, и доволно истрајните читатели кои можат да го читаат во вернакулар, го сметаат неговиуот стил за особено пријатен и непосреден. Елиј Донат, учителот на Еремија, е најраниот денес постоечки коментатор на Теренциевите дела. За Теренциевата популарност низ Средниот век и Ренесансата сведочат бројни ракописи со целосни негови дела или делови од нив; академецот Клаудија Вила проценува дека 650 ракописи со Теренциевите дела датираат од по 800 н.е. Средновековниот драматург Хросвита Гандерсхајмска тврдела дека ги пишувала своите пиеси за учениот човек да има христијанска алтернатива за паганските пиеси на Теренциј.

Шесте комедии се:


Првото печатено издание на Теренциј се појавило во Стразбур во 1470, додека првбата поантичка изведба на неговите пиеси била, Девојката од Андрос, во Фиренца во 1476.

Теренциевиот музички соработник кој компонирал музика за пиесите бил Флак.

Наводи[уреди]

  1. Aeli Donati Commentum Terenti, accedunt Eugraphi Commentum et Scholia Bembina, изд. P. Wessner, 3 тома, Лајпциг, 1902, 1905, 1908
  2. Sulla vita suetoniana di Terenzio, G. D' Anna, RIL, 1956, стр. 31-46, 89-90
  3. H. J. Rose: A Handbook of Latin Literature, 1954
  4. Michael von Albrecht, Geschichte der römischen Literatur, Том 1, Берн, 1992

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за: