Вергилиј
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Публиј Вергилиј Марон | |
Биста на Вергилиј, од влезот во неговиот гроб во Непал, Италија. |
|
| Занимање | Поет |
|---|---|
| Националност | Римјанец |
| Жанрови | Епска поезија, дидактичка поезија, пасторална поезија |
| Правец | Августовско поетирање |
|
|
|
Публиј Вергилиј Марон (на латински: Publius Vergilius Maro, 15 октомври 70 п.н.е. - 20 септември 19 п.н.е., Калабрија) е најзначајниот претставник на античката римска поезија. Му припаѓа на време на Цезаровиот наследник - Октавијан Август. Најпознато негово дело е епопејата „Енеида“, во која поетски се прославува родот на Јулиевците. Вергилиј не ги издавал своите дела, но по неговата смрт, Октавијан Август дал да се издадат сите негови дела. После 1300 години од неговата смрт, Вергилиј бил издигнат на пиедестал од Данте Алигиери.
[уреди] Биографија
Вергилиј е роден на 15 октомври, 70 год. п.н.е. во селото Андев со близина на Мантова, денес во северна Италија. Овој крај бил населен со келтски и илирски племиња, па значењето на неговото име не е сосема познато. Не припаѓал на моќно семејство, но бил доста образован, а за тоа се погрижил неговиот татко. Во младоста одел на училиште во Кремона и Милано. Подоцна стигнал и во Рим каде што студирал реторика, медицина и филозофија.
Во Рим, Вергилиј другарувал со елегичарот Корнелије Гал и историчарот Азиниј Полион како и со Алфен Вар, кој за случајност и тој пишувал песни. На овие пријатели Вергилиј им посветил некои од неговите „Пастирски песни“ и тоа: на Гал десеттата, на Полион четвртата и осмата, а на Вар деветтата. По наговор на Азиниј Полион испеал збирка на пастирски песни по примерот на Теокрит и ги нарекол „Буколики“. Истотака во тој периот тој го напишал и дидактичкиот еп „Георгики“ кој се состои од четири книги. Никогаш нема да дознаеме што значела четвртата еклога (пасторална песна) за својот поет: таа има мистична привилегија на неискажаност на содржината.