Пчеларство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сандаци за пчели

Пчеларство (или апикултура, од латински apis - пчела) — чување на пчелни колонии, најчесто во сандаци од страна на луѓето. Пчеларот ги одгледува пчелите со цел да добие мед, други производи, како: пчелин восок, прополис, полен и матичен млеч, за опрашување на некои култури или за производство на пчели за продажба на други пчелари. Во Македонија во 2012 година биле произведени 603 тони мед.[1]

Историја на пчеларството[уреди]

Пчелар од Македонија во почетокот на XX век

Во одреден момент, луѓето почнале да ги припитомуваат дивите пчели во вештачки кошници, направени од дрвени кутии, керамички садови и ткаени сламени кошови. Во Египет пчелите биле чувани уште од антиката.[2] Во античка Грција аспекти за животот на пчелите и пчеларството биле дискутирани од Аристотел.

Наводи[уреди]