Пчели

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пчела)
Прејди на: содржини, барај

Пчели (Apidae) се ципокрилни инсекти. Приспособени се за исхрана со цветен прав и со нектар. Нивното значење во природата и за човекот е големо, почнувајќи од производите што ги даваат, мед и восок, па до опрашувањето што го вршат кај растенијата. Групата опфаќа видови што имаат осаменички начин на живеење, или пак се здружуваат во добро организирани семејства. Социјалните видови пчели живеат во заедница од 20.000 до 70.000 пчели работнички, една матица и од 800 до 3.000 трутови, што се јавуваат само во текот на летото. Секој од овие членови во заедницата врши точно определена работа. Во Македонија е позната расата мариовска пчела од видот европска медоносна пчела (Apis mellifera).[1]

Првите студии за пчелите се објавени на почетокот на 20 век. Австрискиот етолог (добитник на Нобеловата награда) Карл фон Фриш, прв го дешифрирал јазикот на пчелите и докажал дека пчелите умеат да разликуваат бои. Според истражувањето на француската научничка Орор Аваргес-Вебер, за кое таа ја добила годишната награда на УНЕСКО, пчелите не се водат само од инстинктот, туку го приспособуваат своето однесување врз основа на околината и според претходното искуство. Таа покажала дека пчелите имаат одличен вид, распознаваат човечки лица и способни се за апстрактно расудување.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1238. ISBN 978-608-203-023-4. 
  2. „Пчелите умеат да сметаат и да препознаваат лица“, Дневник, година XIX, број 5721, петок, 20 март 2015, стр. 22.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Радченко В. Г., Песенко Ю. А. Биология пчел (Hymenoptera, Apoidea). СПб.: Зоол. ин-т РАН. — 1994. — 350 с.
  • Гринфельд Э. К., 1978. Происхождение и развитие антофилии у насекомых. — Л.: Изд-во ЛГУ. — 203 с.
  • Danforth, B.N., J. Fang, S. Sipes, S.G. Brady & E. Almeida (2004). Phylogeny and molecular systematics of bees (Hymenoptera: Apoidea). Cornell University, Ithaca, NY Филогения пчел
  • Donovan, B.J. 2007: Apoidea (Insecta: Hymenoptera). Fauna of New Zealand, 57.
  • Engel, M.S. (2005). Family-group names for bees (Hymenoptera: Apoidea). American Museum Novitates 3476: 1-33. pdf
  • Michener, C.D. (2007) The bees of the world, second edition. Johns Hopkins University Press, Baltimore and London, 953 pp.

Наводи[уреди | уреди извор]