Македонска академија на науките и уметностите
| Македонска академија на науките и уметностите | |
Зградата на академијата во Скопје |
|
| Кратенка | МАНУ |
|---|---|
| Основана | 23 февруари 1967 |
| Цел | Да го следи и поттикнува развојот на науките и уметностите[1] |
| Седиште | Скопје, |
| Координати | |
| Членство | 46 академици, придружни, почесни и дописни членови |
| Официјални јазици | македонски |
| Претседател | Владо Камбовски |
| Ген. секретар | Владо Матевски |
| Припадност | CEN, SEEA |
| Мреж. место | manu.edu.mk |
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е формирана на 23 февруари 1967. За нејзин прв претседател бил избран Блаже Конески, а тековен претседател е Владо Камбовски.[2]
Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 41 се со статус на редовни членови, а 33 се со статус на членови надвор од работниот состав. Досега имала и четири почесни членови, и тоа Коле Чашуле, Јосип Броз - Тито, Едвард Кардељ и Борис Евгенович Патон. Најстар академик е Петар Хр. Илиевски (1920), а најмлад Катица Ќулавкова (1951).
Содржина |
Научни центри [уреди]
Македонската Академија има и пет научни центри:
- Центар за генетско инженерство и биотехнологија
- Центар за енергетика, информатика и материјали
- Центар за ареална лингвистика
- Центар за лексикографички истражувања
- Центар за стратегиски истражувања
Научни оддели [уреди]
Во рамките на МАНУ функционираат пет оддели:
- Оддел за лингвистички и литературни науки
- Оддел за општествени науки
- Оддел за математички и технолошки науки
- Оддел за биолошки и медицински науки
- Оддел за уметност
Претседатели на МАНУ [уреди]
- Блаже Конески (1967 - 1975)
- Михајло Апостолски (1976 - 1983)
- Јордан Поп Јорданов (1984 - 1991)
- Ксенте Богоев (1992 - 1999)
- Ѓорѓи Евремов (2000 - јуни 2001)
- Матеја Матевски (јули 2001 - 2004)
- Цветан Грозданов (јануари 2004 - 2008)
- Георги Старделов (2008 - ноември 2011)
- Владо Камбовски (1 декември 2011 - )
Меѓународна соработка [уреди]
МАНУ е членка на CEN (Мрежата на академиите од централна и источна Европа) и SEEA (академии од југоисточна Европа).
Публикации [уреди]
МАНУ досега има издадено околу 1.690 научни трудови од сите сфери на науката и уметностите.
Наводи [уреди]
- ↑ МАНУ - „Академик“
- ↑ „Владо Камбовски нов претседател на МАНУ“, Утрински Весник, 01.12.2011, 20:15 (проверено на 1 декември 2011).
Надворешни врски [уреди]
| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|||||