Зузана Тополињска
| Зузана Тополињска Zuzanna Topolińska |
|
| Роден | Zuzanna Topolińska 9 јануари 1931 Варшава, Полска |
|---|---|
| Националност | Полјак |
| Познат | лингвист, македонист и славист |
| Занимање | професор, лингвист, издавач |
Зузана Тополињска (полски: Zuzanna Topolińska; родена на 2 јануари 1931) е полски полонист, македонист, универзитетски професор и член на Македонската академија на науки и уметности[1].
Содржина |
[уреди] Биографија
Академик Зузана Тополињска е родена на 2 јануари 1931 година во Варшава, Полска. Во 1944 година таа се отселила од Варшава и завршила средно образование во Ќелце во 1948 година. На Универзитетот во Лоѓ дипломира полска филологија, додека во 1964 година докторира на тема полско-поморски дијалекти. Покасно Зузана станува редовен универзитетски професор. Покрај професорската професија, Зузана работи со Полската академија на науки и уметности со кои издаваат трудови за полските и кашупските дијалекти. Во периодот од 1964 до 1968 година, Зузана започнува да работи на студијата „Синтаксата на македонскиот стандарден јазик. Подоцна, во 1983 година ја објавува полската граматика[2].
Зузана Тополињска се преселува во Македонија каде во периодот од 1983 до 1999 работи како професор-гостин на Катедрата за славистика про Филолошкиот факултет во Скопје. Како редовен член на МАНУ е узбрана на 20 јуни 1996 година. Тополињска станува раководител на новооснованиот Истражувачки центар за ареална лингвистика при МАНУ. Акад. Тополињска е активен член на две Меѓународни комисии на Меѓународниот комитет на славистите (МКС): Комисија за Општословенски лингвистички атлас и Комисија за истражување на граматичките структури на словенските јазици. Во 1997 година таа е избрана за „doctor honoris causa“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје[3].
[уреди] Публикации
Меѓу останатите, Зузана ги има објавено следните публикации:
- Атлас на кашупските и соседните полски дијалекти
- A historical phonology of the Kashubian dialects of Polish, The Hague-Paris, 1974
- Синтакса на македонскиот стандарден јазик
- Studia Linguistica Polono-Meridianoslavica, списание
- Меѓународни лингвистички атласи
- Дијалектите на македонскиот јазик