Глигор Чемерски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Глигор Чемерски
Роден 1940
(Кавадарци,  Кралство Југославија
Починал 2 април 2016
Скопје, Македонија Македонија
Занимање сликар и вајар
Споменикот во гостиварски Вруток е дело на Чемерски

Глигор Чемерски (Кавадарци, 1940 - Скопје, 2 април 2016) — македонски сликар и вајар. Негов син е Огнен Чемерски, познат преведувач и лектор.

Животопис[уреди | уреди извор]

Творештво[уреди | уреди извор]

Чемерски е еден од позначајните современи македонски уметници. Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и православните икони.[1] Неговот творештво е богато: тој ги изработил мозаиците во Стопанска банка (1971) и на Споменикот на слободата во Кочани (1981).

Чемерски го напаѓа секое платно како мечувалец, он го боде со заглушувачки удари сè додека ликовите и облиците не се изнедрат под валкањето на четката

— Ентони Ф. Јенсен, 1998

Чемерски имал бројни самостојни изложби во Македонија и во странство. Во декември 2014 година, во галеријата на Руската академија на уметноста „Зураб Цератели“ во Москва била отворена неговата самостојна изложба „Настани и знаци на земјата македонска“. Изложбата била поставена во чест на неговата инаугурација во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“, а на неа биле изложени 43 дела од различни периоди на творештвото на Чемерски.[2] Починал во Скопје на 2 април 2016 година.[3]

Галерија на уметнички дела[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кртов, Александар. „Глигор Чемерски - Животопис“. Грал. Архивирано од изворникот на 2012-04-29. Посетено на 2010-09-29.
  2. „Чемерски излага во Москва“, Дневник, година XVIII, број 5638, среда, 10 декември 2014, стр. 20.
  3. Утринава почина Глигор Чемерски. Архивирано од изворникот на 2016-04-04. Посетено на 2016-04-02.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]