Кристина Крамер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кристина Елизабет Крамер е македонист, славист и професор по македонски јазик и руски јазик. Професор е на Универзитетот во Торонто и декан на катедрата за словенски јазици при факултетот за уметност и наука. Крамер е автор на книгата за македонски јазик: Македонски:Курс за почетници и напредни студенти. Книгата била објавена за прв пат во 1999 година, повторена и проширена во второто издание во 2003 и е најширокоприфатената англиско-македонска книга. Таа е специјалист за балкански јазици и семантика, особено македонскиот јазик и јужните словенски јазици. Нејзините истражувања ги опфатиле следните области: синхронизирана лингвистика, социолингвистика, глаголски категории, јазици и политички погледи. Моментало предава македонски јазик.

Образование[уреди]

Таа работела како преведувач на македонски јазик, руски јазик, српскохрватски јазик и турски јазик[1]. Од 1986 година Крамер е дел од Универзитетот во Торонто. Како редовен професор е прогласена во мај 2001[3].

Дела[уреди]

  • Christina E. Kramer (2003): Macedonian (= Makedonski jazik): A Course for Beginning and Intermediate Students. Revised and expanded second edition. University of Wisconsin Press. May 2003. ISBN 9780299188047
  • Christina E. Kramer/Brian Cook (1999): Guard the Word Well Bound: Proceedings of the Third North American-Macedonian Conference on Macedonian Studies. Slavica Pub: Indiana Slavic Papers, vol. 10 (1999). ISBN 9789991972534
  • Eran Fraenkel (Author), Christina Kramer (Editor) (1993): Language Contact-Language Conflict (Balkan Studies). Peter Lang Publishing. ISBN 9780820416526
  • Christina E. Kramer (1986): Analytic Modality in Macedonian. (Slavistische Beiträge) Munich: Verlag Otto Sagner. ISBN 9783876903439
  • Christina Kramer (1985): Makedonsko-Angliski Razgovornik. Skopje: Seminar za makedonksi jazik.
  • See full list

Награди[уреди]

Во 2006 година Крамер била наградена од страна на Американската асоцијација на професори за словенски и источноевропски јазици за најдобар придонес на педагогијата на јазикот за нејзината книга: Македонски: Курс за почетници и напредни студенти. Наградата ја примила во Филаделфија на 28 декември 2006[4].

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]