Ксенте Богоев
| Ксенте Богоев | |
| македонски економист, академик и универзитетски професор | |
| Роден | 20 октомври 1919 с. Леуново, Гостиварско |
|---|---|
| Починал | 20 април 2008 Скопје |
Ксенте Богоев (Леуново, Гостиварско, 20 октомври 1919 – Скопје, 20 април 2008) бил македонски економист, академик и универзитетски професор.[1]
Дипломирал и докторирал на Економскиот факултет во Белград. Бил професор и декан на Економскиот факултет во Скопје (1960-1963), ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (1965-1967), претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1968-1974), член на Претседателството на СРМ (1974-1977) и гувернер на Народната банка на Југославија (1977-1981). Член е на МАНУ од 1974, а во периодот 1992-1999 е и негов претседател.
Ксенте Богоев е автор на 250 научни и стручни трудови. Основоположник е на научните дисциплини од областа на фискалната и на монетарната теорија и политика. Добитник е на повеќе признанија и награди.
[уреди] Наводи
- ↑ „Makedonska bibliografija: Statii i prilozi“. Skopje: Narodna i univerzitetska biblioteka "Sv. Kliment Ohridski". 2001.
[уреди] Надворешни врски
- Мирче Јовановски, Невена Поповска. „Почина Ксенте Богоев, бардот на македонската економска наука“, Утрински Весник, 22 април 2008. Проверено на 2011-07-29.
| Претходник Георги Филиповски |
Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје 1965 — 1967 |
Наследник Благој Попов |
| Претходник Никола Минчев |
Претседател на Претседателството на СРМ 1968 — 1974 |
Наследник Благоја Попов |
| Претходник Бранислав Чолановиќ |
Претседател на Народната банка на Југославија 1977 — 1981 |
Наследник Радован Макиќ |
| Претходник Јордан Попјорданов |
Претседател на МАНУ 1992 — 1999 |
Наследник Ѓорѓи Ефремов |
|
||||||||||||||||||||||
| Оваа биографска статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Родени на 20 октомври 1919
- Родени во октомври 1919
- Родени во 1919 година
- Починати во Скопје
- Починати на 20 април 2008
- Починати во април 2008
- Починати во 2008 година
- Никулци за Македонци
- Македонски економисти
- Македонски општественици
- Професори од Македонија
- Академици на МАНУ
- Добитници на Орден за заслуги за Македонија
- Леуново
- Гостиварци