Јездимир Богдански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јездимир Богдански
Роден 17 ноември 1930
Куманово
Починал 27 октомври 2007
Скопје

Јездимир Богдански (17 ноември 1930 во Куманово30 октомври 2007 во Скопје,) — македонски политичар и општественик и претседател на претседателството на СР Македонија.[1]

Потекнува од кумановско револуционерно семејство со богата традиција. На своите 11 години се приклучил во НОВ како партизански курир. Богдански бил во ресорот за внатрешни работи и полиција, каде што беше министер во две влади, бил и министер за здравство, член на Собранието на РМ и на Собранието на поранешна Југославија.[2] Носител е на Партизанска споменица од 1941 година.

Починал 2007 година и закопан е на гробиштата во Куманово.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 174. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 44. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)

Предлошка:Водачи на СР Македонија