Христо Андонов Полјански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христо Андонов Полјански
Роден 21 септември 1927
Знаме на Македонија
Знаме на Македонија
Дојран, Македонија
Починал 7 октомври 1985
Знаме на Македонија
Знаме на Македонија
Скопје, Македонија

Христо Андонов Полјански (Дојран, 21 септември 1927 - Скопје, 7 октомври 1985) — македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (1984-1985), долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основното и средното образование и Филозофскиот факултет (Група историја) ги завршил во Скопје. Бил избран за асистент на Катедрата за историја (1953), докторирал (1958), бил избран за доцент (1959), за вонреден професор (1966), а потоа за редовен професор (1970) по предметот Општа историја на новиот век. Бил продекан (1960-1963), шеф на Катедрата за историја (1971-1974 и 1974-1976) и ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј (1984-1985).

Како професор дал евидентен придонес за создавање стручни и наставно-научни кадри. Истражувал во земјата и во странство. Дел од архивската документација објавил во одделни зборници на документи, како што се трите тома Британски документи за историјата на македонскиот народ. Учествувал на научни собири во земјата и во странство. Неговото научно дело се состои од над 500 единици стручни и научни трудови, монографии научни статии и прилози, рецензии, библиографии и др.

Автор е на 463 библиографски единици, од кои 40 се книги [2]. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев, „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“, Гоце Делчев и неговото време и итн.[1]

Добитник е на наградите „АВНОЈ“ и „11 Октомври“.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 30. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Македонска Енциклопедија
  3. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 22. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]