Благој Попов

Од Википедија — слободната енциклопедија
акад. д-р Благој Попов

Благој С. Попов — роден на 17 јануари 1923 година во Кочани. Во 1940 година се запишува на Техничкиот факутет - Електромашински отсек, на Белградскиот универзитет, но поради Втората светска војна преминува на Софискиот универзитет на групата за математика. Студиите ги прекинува во 1944 (учесник во НОБ), а ги продолжува во ноември 1945 година. Дипломирал во јуни 1946 година на групата математика на Филозофскиот факутет во Белград. Во јануари 1948 година преминува на новофрмираниот Филозофски факултет во Скопје, како асистент по математика. Во 1949 е унапреден во звањето универзитетски предавач, а во 1953, по положениот докторски испит на тема „Формирање критериуми за интеграбилност на линеарните диференцијални равенки чии коефициенти имаат однапред дадени облици“, под менторство на проф. Драгослав Митриновиќ, е избран за доцент. Во 1958 е избран за вонреден професор, а од 1963 е редовен професор. Пензиониран е во 1987 година. Бил на специјализации во Париз (1955/1956) и во Хамбург (1963/1964). Бил продекан на Филозофскиот факултет од 1953 до 1955 и прв декан на ПМФ во Скопје (1953 до 1963). Во 1976/1977 станал декан на Математичкиот факутет, а од 1985 до 1987 е декан на повторно формираниот Природно-математички факултет. Во учебната 1967/1968 и 1968/1969 бил ректор на УКИМ. Во 1967 е избран за член на Македонската академија на науките и уметностите. Од 1968 до 1975 бил секретар на одделението за природно-математички науки, од 1976 до 1979 Секретар на Академијата, а од 1980 до 1983 е потпретседател на Академијата.[1] Од 1984 до 1991 е секретар на одделението за математичко-технички науки. По повод 40-годишнината на МАНУ во ноември 2007 одликуван е со Орден за заслуги на Република Македонија, за својата богата научно-истражувачка работа.

Бил член на American Mathematical Society, Societe Mathematique France, Меѓународната астронаутичка Академија, референт на списанијата Маthematical Rewievs, Mathematsche Zentralblatt и член на редакциите на повеќе списанија издавани во Македонија.

Академик Попов починал на 30 октомври 2014 година.[2]

Награди[уреди | уреди извор]

Во 2007 година бил одликуван со Орденот за заслуги за Македонија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „МАНУ“. Архивирано од изворникот на 2011-04-20. Посетено на 2009-11-28.
  2. Почина академик Благој Попов - Радио Слободна Европа, http://www.makdenes.org