Михаил Д. Петрушевски
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Михаил Д. Петрушевски (Битола, 2 јули 1911 - 27 февруари 1990), македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје на кој беше вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, а подоцна и ректор на Скопскиот универзитет. Има објавено над 200 научни и стручни трудови од областа на класичната филологија. За македонската култура од особено значење е неговата преведувачка дејност на „Илијада“ од Хомер, „Скендербег“ од Григор Прличев и на други дела. Можеби најзначаен е неговиот превод на Аристотеловата „Поетика“ во која тој не наоѓа место за поимот „катарса“ во Аристотеловата дефиниција на трагедијата. Наместо тоа, Петрушевски предлага „состав на собитијата“. Ова гледиште на Петрушевски е радикално спротиставено на многувековната традиција на толкување на Аристотеловата Поетика.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |