Ангел Чемерски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ангел Чемерски - Јануш
Секретар на КПМ
На должноста
1969–1982
Претходник Крсте Црвенковски
Наследник Крсте Марковски
Лични податоци
Роден(а) 1923
Кавадарци,
денес Република Македонија
Починал(а) 18 ноември 2003 (80)
Скопје
Националност Македонец
Партија КПМ

Ангел Чемерски - Јануш (31 март 1923 во Кавадарци18 ноември 2003 во Скопје) — македонски револуционер и партиски функционер.[1][2]

Уште како ученик се вклучува во комунистичкото движење, а во 1943 станува активен младинец во македонската народноослободителна војска уште во првите денови од фашистичката окупација. Станува член на СКОЈ во 1941 година, а на КПЈ во 1942. Секретар е на општинските партиски комитети во Штип, Струмица и Битола. Во 1943 година стапува во редовите на Тиквешкиот партизански одред "Добри Даскалов“.

Завршил Економски факултет, бил директор на Заводот за стопанско планирање. Позабележителна општествено-политичка дејност остварува по ослободувањето: помошник-министер за индустрија и рударство, претседател на Стопанскиот совет, секретар и претседател на ЦК СКМ (од 1969 до 1982 година), а во повеќе мандати бил член на Претседателството на ЦК СКМ, како и член и претседател на Претседателството на СРМ (од 1982 година до 1986 година).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 1619. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
  2. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 353. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]