Бранко Трпеновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранко Трпеновски
Роден 1934
Охрид, Македонија
Починал 2005
Скопје
Занимање професор, алгебрист и информатичар

Бранко Трпеновски (Охрид, 1934 - Скопје, 2005) бил виден македонски универзитетски професор, алгебрист, втемелувач на информатичко образование во Македо­ни­­ја[1] и поранешен амбасадор.

Животопис[уреди | уреди извор]

Трпеновски е роден во Охрид во 1934 година. Дипломирал во 1957 година во Скопје. Докторирал во 1964 година на Природно-математичкиот факултет во Загреб на тема Prilog teoriji n-polugrupa. За асистент на Природно-математичкиот факултет во Скопје е примен во 1957 година. Подоцна работи како редовен професор на Електротехничкиот, па на Машинскиот факутет во Скопје. Проф. Трпеновски е еден од нашите најдобри алгебристи и извонредни наставници. Соавтор е на значајниот учебник во четири тома "Виша математика" (напишан заедно со Ѓорѓи Чупона и Наум Целакоски), на учебникот "Предавања по алгебра", кн.2 (напишан заедно со Ѓорѓи Чупона), како и на значајни учебници од теоријата на веројатноста. Заземал високи должности: декан на ЕТФ, ректор на УКИМ, амбасадор во Бразил. Починал во Скопје во 2005 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Институт за информатика“. ПМФ - Скопје. Архивирано од изворникот на 2011-05-24. Посетено на 2012-05-31.
  2. ПМФ 1946-1996, монографија