20 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
20 октомври е 293-иот ден во годината според григоријанскиот календар (294-и во престапна година). Остануваат 72 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1728 | Во Копенхаген избувнал голем пожар, опожарувајќи го поголемиот дел од градот. |
| 1803 | Сенатот на САД го ратификувал договорот со Франција за купување на големата територија околу сливот на реката Мисисипи наречена Луизијана. Со овој договор, САД речиси ја удвоиле својата дотогашна територија. |
| 1865 | Отава станала новата престолнина на Канада. |
| 1941 | Втора Светска војна: Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт. |
| 1944 | Втора светска војна: Ослободен градот Белград |
| 1945 | Жените во Франција добиле право на глас |
| 1949 | Југославија била избрана за постојанен член на Советот за безбедност при ООН |
| 1973 | Англиската кралица Елизабета II официјално ја отворила Сиднејската опера |
| 1994 | Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјави Елцин. |
| 2001 | Протести низ француските градови против зависноста од нуклеарна енергија. |
Родени:
| 1864 | Алексо Поројлијата, македонски револуционер. |
| 1875 | Димо Хаџи Димов, македонски револуционер. |
| 1915 | Мирче Ацев, народен херој на Македонија. |
| 1915 | Антон Попов, македонски револуционер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. |
| 1966 | Абу Мусаб Ал Заркави, член на Ал-Каеда. |
| 1992 | Матија Де Шиљо, италијански фудбалер. |
Починале:
| 1940 | Гунар Асплунд, шведски архитект. |
| 1994 | Берт Ланкастер, американски актер и режисер, добитник на филмската награда Оскар |
| 2003 | Миодраг Петровиќ - Чкаља, српски актер и комичар. |
| 2003 | Ѓоко Георгиев, водител на првите контактни емисии на Македонското радио „Три гонга“ и „Средби низ музика“. Тој ќе остане запаметен и како автор на 3.000 текстови на поп-музика. |
| 2011 | Муамер Гадафи - либиски диктатор, соборен во Либиското востание истата година со помош од странски сили |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |