Андреј Колмогоров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Андреј Колмогоров
Prva.jpg
Роден 25 април 1903
Flag of Russia.svg Тамбов, Русија
Починал 25 октомври 1987
Москва, Русија
Познат теорија на веројатност, топологија, интуитивна логика, турбуленција, класична механика и сметачка сложеност
Занимање Математичар
Колмогоровиот потпис


Андреј Николаевич Колмогоров (руски: Андрѐй Николаѐвич Колмогôоров) (25 април 1903 - 20 октомври 1987) бил руски мтатематичар и еден од најистакнатите математичари на 20. век. Имал репутација на човек со богата ерудиција. Тој е советски математичар кој имал големи достигнувања на различни научни полиња (помеѓу нив се теоријата на веројатноста, топологија, интуитивна логика, турбуленција, класична механика и сметачка сложеност).
Во 1922 година конструирал Фуријеов ред за кој добил меѓународно признание. Во 1925 година го објавил својот познат труд во интуитивната логика – Принципот на исклучива средина. Неговата пионерска работа Во врска со Аналитичките Методи на Теоријата на Веројатностa била публицирана (во Германија) во 1931 година. Во 1933 година ја публицирал Основи на Теоријата на Веројатноста, претставувајќи ги модерните основи на теорија на веројатноста како и докажувајќи ја својата репутација на еден од најдобрите експерти на ова поле. Во 1939 година бил избран за академик на СССР Академијата за Науки.Во класичниот механизам познат е по КАМ теоријата. Основач е на алгоритамската сложена теорија, често нарекувана како Колмогорова сложена теорија.

Биографски податоци[уреди]

Рани години[уреди]

Колмогоров е роден во Тамбов во 1903. Неговата мајка починала за време на породувањето и тој бил одгледан од страна на неговите тетки во Туношна блиску до Јарослављ во родниот град на дедо му, кој бил богат нобеловец. Татко му, по професија агрономист, бил депортиран од Ст. Петербург поради учество во револуционерното движење. Тој исчезнал во Руската Граѓанска Војна.

Колмогоров бил образуван во селското училиште на неговите тетки и неговите рани книжевни напори и математички спис биле објавени во училишниот весник. Како адолесцент дизајнирал движечка перпетум машина, сокривајќи ги дефектите толку мудро што и неговите наставници од основото училипте не можеле да ги откријат. Во 1910 тетка му го посвоила и тие се преселиле во Москва, каде што се запишал во гимназија (слично како средното училиште во САД), каде и дипломирал во 1920 година.

Во 1920 година Колмогоров почнал да студира на Московскиот Универзитет и на Институтот за Хемиска Технологија. Тој се стекнал со репутација на човек со богата ерудиција. Како студент, партиципирал во семинарот на рускиот историчар S.V Bachurshin и го објавил својот прв истражувачки труд на тема Новгородската Република во 15-от и 16-от век. Во исто време (1921 – 1922), постигнал неколку резултати во теоријата за множествата и во теоријата на тригонометричките редови.

Зрелост[уреди]

Во 1922 година Колмогоров конструирал Фуријеов ред кој дивергирал речиси насекаде, добивајќи меѓународно признание. Во тој период одлучил да го посвети животот на математиката. Во 1925 година дипломирал на Државниот Московски Универзитет и почнал да студира под надзор на Николај Лужин. Тој станал доживотен пријател со Павел Александров кој во 1936 година го вмешал во едно незгодно политичко гонење на нивен заеднички учител, таканаречен “случајот на Лужин“ или Лужиновата афера. Колмогоров (заедно со А.Клинчин) се заинтересирал за теоријата на веројатноста. Во 1925 година го објавил својот познат труд во интуитивната логика – Принципот на исклучива средина. Во 1929 година се здобил со својата докторска титула на Државниот Московски Универзитет.

Во 1930 година Колмогоров заминал на своето прво патување во странство, одејќи во Göttingen, Минхен и потоа во Париз. Неговата пионерска работа Во врска со Аналитичките Методи на Теоријата на Веројатноста била публицирана (во Германија) во 1931 година, a истата година станал професор на Московскиот Универзитет.

Колмогоров (лево) работи на својот говор во Талин
Колмогоров работи на својот говор во Талин

Во 1933 година Колмогоров ја публицирал Основи на Теоријата на Веројатноста, претставувајќи ги модерните основи на теоријата на веројатноста како и докажувајќи ја својата репутација на еден од најдобрите експерти на ова поле. Во 1935 година станал прв предавач на теоријата на веројатноста на Факултетот за Математика и Механика на Државниот Московски Универзитет. Во 1939 година бил избран за академик на СССР Академијата за Науки. Во 1938 година тој ги поставил “основните теореми за израмнување и предвидување на стохастичките процеси” – што можело да има голема воена примена за време на Студената Војна.
Подоцна, Колмогоров ги пренасочил своите истражувачки интереси во областа на турбуленцијата, каде што во 1941 година неговите дела имале значително влијание во оваа област. Во класичниот механизам познат е по КАМ теоријата (прв пат ја претставил во 1954 година во Амстердам, за време на Интернационалниот Конгрес на Математичари). Во 1957 година го решил 13-от проблем на Хилберт (заеднички труд со неговиот студент В.И.Арнолд). Бил основач на алгоритамската сложена теорија, често нарекувана како Колмогорова сложена теорија, која почнал да ја развива во тоа време.

Колмогоров се оженил со Ана Димитриева Егорова во 1942 година. Тој стекнал моќна предавачка рутина за време на својот живот, не само на универзитетско ниво, туку исто така и со помлади деца, бидејќи бил активно вклучен во развивањето на педагогијата за надарени деца, во литературата и музиката, како и во математиката. На Универзитетот, тој имал разни позиции, вклучувајќи ги и високите позиции на неколку подрачја (веројатност, статистика и случајни процеси, математичка логика) и исто така бил и декан на Факултетот за Механика и Математика. Во 1971 година се придружил на океанографската експедиција на истражувачкиот брод Димитри Менделеев. Напишал неколку текстови за Големата Советска Енциклопедија. Во неговите доцни години особено се посветил на математичките и философските врски помеѓу теоријата на веројатноста и применетите области.

Библиографија[уреди]

Библиографија на неговите трудови излезе во Хроника на Веројатноста, 17(3)Ч 945—964 (Јули 1989)

  • 1956, Основи на Теоријата на Веројатноста од А. Н. Колмогоров, Второ Англиско Издание, преводот уреден од Nathan Morrison, Chelsea Publishing Company, New York
  • 1991 – 93. Селектирани работи на А.Н.Колмогоров, 3 изданиа. Тикхомиров, В.М и т.н, Волосов, В. М.., trans.
  • 1925. “ Принципот на исклучива средина ” во Jean van Herijenoort, 1967. Изворна книга во Математичката Логика, 1879 – 1931. Harvard Univ. Press: 414-37.
  • 1987," Биографички Мемоари на Колегите од Royal Society, Vol. 37, страни 300 - 319 (Ноември 1991).

Наводи[уреди]

  1. Давид Салцбург Жената што пие чај: Како статистиките ја револуционизираa науката во дваесетиот век, New York, W.H. Freeman, 2001; pp.. 137 - 50
  2. Салцбург p. 139.
  3. Салцбург pp. 145 – 7.
  4. Kendall, D. G., "Andrei Nikolaevich Kolmogorov. 25 април 1903 - 20 октомври

Надворешни врски[уреди]