3 октомври

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

3 октомври е 276-иот ден во годината според григоријанскиот календар (277-и во престапна година). Остануваат 89 денови до крајот на годината.

<< октомври >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31


Настани:

1873  Капетан Џек и другарите се обесени за нивното учество во војната Модок.
1918  Царот Борис III го презема бугарскиот престол
1929  Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е преименувано во Кралство Југославија, (Земја на Јужните Словени).
1932  Ирак добива независност од Британија.
1943  Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, карактеристиките на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба.
1954  Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт.
1995  Врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот шофер Александар Спировски, а е повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски.
1995  Франција, наспроти меѓународниот притисок против нуклеарни тестирања, изврши нова нуклеарна проба во јужниот Тихи Океан.

Родени:

1720  Јохан Петер Уз, германски поет
1858  Елеонора Дусе, италијанска актерка
1895  Сергеј Александрович Есенин, руски лиричар.
1911  Мајкл Хордерн, англиски актер
1929  Берт Стерн, американски фотограф
1938  Тереза Кесовија, хрватска пејачка
1971  Дарко Митревски, македонски режисер.

Починале:

1690  Роберт Баркли, шкотски писател
1701  Џозеф Вилијамсон, англиски политичар
1910  Жан Анри Дигнан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година кој подоцна прерасна во меѓународна организација. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир.
1931  Карл Ниелсен, дански композитор
1994  Даб Тејлор, американски актер
2004  Џенет Ли, американска актерка; останува запаметена по туш-сцената во Хичкоковиот филм „Психо“.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември