26 октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Октомври 2014

26 октомври е 299-иот ден во годината според григоријанскиот календар (300-и во престапна година). Остануваат 66 денови до крајот на годината.

Настани:

1689  По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.
1863  Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија.
1905  Шведска ја признала независноста на Норвешка.
1911  Прокламирана е Кинеската Република, но по 4 години повторно се вратила монархијата.
1912  Прва Балканска војна: Грците го освоиле Солун, а Србите Скопје.
1955  Австрискиот Парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија.
1992  Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениот археолошки локалитет зафаќа површина од три километри квадратни и се наоѓа на околу 60 километри од перуанскиот град Чиклајо.
1993  Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал „РАИ УНО“, призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. „Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив“, изјави Морети.
1993  Во Загреб е основано Хрватско-македонско друштво.
2002  Со упадот на специјалните сили во московскиот театар Дубровка, заврши заложничката криза во која од чеченски бунтовници два дена порано беа заробени над 900 гледачи. Загинаа 129 заложници и околу 40 бунтовници.

Родени:

1685  Доменико Скарлати — важен барокен композитор за чембало. Ненадминат по влијанието врз клавијатурната музика.
1888  Нестор Махно — украински анархист.
1916  Франсоа Митеран — поранешен претседател на Франција.
1919  Мохамед Реза Пахлeви — ирански шах.
1924  Таип Таипи — југословенски и македонски политички деец.
1925  Бошко Станковски — македонски политичар, поранешен претседател на Собранието на СРМ.
1942  Боб Хоскинс — британски глумец.
1959  Ево Моралес — претседател на Боливија.
1974  Дејан Лилиќ — македонски глумец и телевизиски водител.
1980  Кристијан Киву — романски фудбалер.
1986  Аидис Круопис — литвански велосипедист.

Починале:

1874  Алфред Великикрал на Англија.
1764  Вилијам Хогарт — важен англиски сликар, графичар, ликовен сатиричар, и карикатурист.
1890  Карло Колоди — италијански писател.
1837  Карл Колдевеј — германски поларен истражувач. .
1874  Петар Корнелиус — германски композитор.
1957  Герти Кори — американска биохемичарка.
1957  Никос Казанѕакис — еден од најголемите грчки писатели на XX век.
1955  Радослав Петковски — македонски писател.
1972  Игор Иванович Сикорски — руски конструктор на авиони и хеликоптери.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември