23 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
23 октомври е 296-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (297-и во престапна година).
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак скорпија. Остануваат 69 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1917 | Кај местото Луневил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна. |
| 1942 | Втора Светска војна: Кај гратчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка. |
| 1944 | Втора светска војна: Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби. |
| 1944 | Втора светска војна: Сојузничките држави ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол. |
| 1954 | САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија. |
| 1956 | Започува Унгарската револуција против советската доминација во Унгарија. |
| 1973 | Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток. |
| 1992 | По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото. |
Родени:
| 1698 | Анж Жак Габриел, влијателен француски архитект, еден основоположниците на неокласичната архитектура. |
| 1844 | Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба. |
| 1927 | Лешек Колаковски, полски философ. |
| 1940 | Пеле, бразилски фудбалер. |
Починале:
| 1872 | Теофил Готје, француски писател. Пишувал песни, романи, патописи и критики. |
| 1893 | Александар I Батенберг, кнез на Бугарија. |
| 1918 | Едмон Бушје Де Бел, француски писател. |
| 1990 | Луј Алтисер, француски философ. |
Празници:
|
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |