Крис Хорнер
Хорнер во 2011 |
|||
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Цело име | Кристофер Хорнер | ||
| Роден | 23 октомври 1971 Бенд, Орегон |
||
| Висина | 1,80 м | ||
| Маса | 63,5 кг | ||
| Податоци за клубот | |||
| Мом. клуб | РадиоШек-Леопард | ||
| Дисциплина | Друмски велосипедизам | ||
| Улога | Возач | ||
| Вид на возач | Универзален возач | ||
| Професионални клубови | |||
| 1997–1999 2000–2001 2002 2003 2004 2005 2006–2007 2008–2009 2010–2011 2012– |
Франсе де Жу Меркури Прајм Алијанс Сатурн Вебкор Билдерс Соние Дувал-Продир Давитамон-Лото Астана Тим РадиоШек РадиоШек-Нисан |
||
| Значајни победи | |||
|
|||
| Последна промена 9 март 2013 |
|||
Кристофер Хорнер (роден на 23 октомври 1971) е американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата РадиоШек-Леопард.[1] Тој е роден и живее во Бенд (Орегон),[2] Хорнер доминира во американскиот друмски велосипедизам[3] со освојувањето на бодовните пласмани на Велосипедскиот национален календар САД во 2002, 2003 и 2004.
Содржина |
Кариера [уреди]
ПАА-НутраФиг (1995–1996) [уреди]
Хорнер станал професионалец во 1995 со тимот ПАА-НутраФиг.[4] Ја забележал неговата прва поголема победа на етапа на Тур ДуПон во 1996.
Франсе де Жу (1997–1999) [уреди]
Потоа бил повикан во Европа, кај францускиот тим Франсе де Жу. Од 1997 до 1999 имал три фрустрирачки години со овој тим.
Меркури, Прајм Алијанс, Сатурн и Вебкор (2000–2004) [уреди]
Во 2000 се вратил во Америка да се врати на домашната кариера, возејќи со Меркури во 2000, Прајм Алијанс во 2002, Сатурн во 2003 и Вебкор Билдерс во 2004. Хорнер ја освоил скоро секоја поважна трка во американскиот календар, со исклучок на националните првенства.
Соние-Дувал (2004–2005) [уреди]
Хорнер одлучил да се премести во Соние Дувал-Продир, по завршувањето во првите десет на Светското друмско првенство UCI 2004, бидејќи сакал да учествува на Тур де Франс. Откако се повредил на почетокот на 2005, Хорнер се покажал во силно издание на американските првенства и ја освоил неговата прва поголема европска победа со освојување на шестата етапа на Тур де Свис 2005. Потоа го заслужил неговото место во тимот за Тур де Франс 2005 и скоро победил на етапата 13, кога тој и Силвен Шаванел одбиле да соработуваат во последните километри и биле фатени од групата.
Давитамон и Предиктор (2006–2007) [уреди]
Тој се преместил во екипата на белгискиот UCI ProTour Давитамон-Лото во сезоната 2006.
Во 2007 Хорнер потпишал со Ед Крал Рејсинг за велокрос сезона.
Астана (2008–2009) [уреди]
Во 2008, Хорнер се преселил во Астана. Хорнер го добил прекарот „Насмевнатиот“ за неговите спокојни изрази на среќа, дури и во најтешките физички предизвици и „Јаху-кид“ за неговите бурни извици по освојување на трката. Неговите колеги Леви Лајпхајмер и Ленс Армстронг го викале „Црвенокосиот“.
На велосипедскиот класик Каскада 2008, Хорнер го довел Бил Демонг со неговиот скршен велосипед (кој бил од друг тим) до целта.[5][6]
РадиоШек (2010–2011) [уреди]
На 4 октомври 2009 било потврдено дека Хорнер ќе настапува за Тим РадиоШек во следните две сезони.[7] Во една од неговите најсилни сезони, Хорнер станал прв во генералниот пласман на Вуелта ал Паис Васко (Трка околу Баскија), вклучувајќи и критичната шеста етапа на индивидуален хронометар, поразувајќи го Алехандро Валверде. Хорнер исто така влегол во првите 10 места на Пролетните класици Флеш Валон, Лиеж-Бастон-Лиеж и Амстел Голд. Тој и неговите колеги од РадиоШек постигнале добри резултати на Трката околу Калифорнија 2010, особено Хорнер, кој прикажал силно издание на целата трка, а на последната етапа од трката бил член на групата која постигнала разлика пред главната група. Хорнер завршил четвртти во генералниот пласман, 1 минута и 4 секунди зад победникот Мајкл Роџер и само 39 секунди зад тимскиот колега Леви Лајпхајмер. Неговата добра форма се докажала со освојувањето на 10-то место во крајниот пласман на Тур де Франс, како првопласиран американски возач, и покрај тоа што во првите етапи се обидел да му дава поддршка на неговиот капитен Ленс Армстронг.
Во 2011 Хорнер го продолжил успехот на Паис Васко со освојувањето на второто место, како и 4. на Волта а Каталуња.
Потоа во мај, Хорнер го постигнал најголемиот резултат во неговата кариера со освојувањето на етапната трка Трка околу Калифорнија 2011. Забележал соло-победа на четвртата етапа, по направената предност на планинската етапа во Сан Хосе. Го одржал неговото водство и ја носел жолтата маичка до кралската етапа на трката, каде дошол до победа со неговиот тимски колега Леви Лајпхајмер преку бегство, со што го зацврстил водството и со 39 години станал најстариот возач во историјата, кој ја победил трката.[8][9]
Неговото учество на Тур де Франс 2011 било кратко, откако учествувал во една несреќа.
РадиоШек-Нисан-Трек (2012-) [уреди]
Во 2012, Хорнер потпишал со РадиоШек-Нисан-Трек. Ја започнал Тирено-Адријатико како прва трка во сезоната, каде завршил како втор. Потоа завршил 8. на Трката околу Калифорнија, неуспевајќи да ја одбрани титулата од минатата година. Возел и на Тур де Франс, каде завршил 13. во генералниот пласман, откако покажал добра форма на планинските етапи.
Достигнувања [уреди]
- 1996
- 1. Класик Ланкастер
- 1. Етапа Тур ДуПон
- 1997
- 3. ГП Уест-Франција
- 1999
- 4. Краен пласман Тур Транс-Канада
- 5. При де ла Вије де Соасон
- 9. Краен пласман Сиркут де Мин
- 2000
- 1.
Краен пласман Ле Тур де Лангкави - 1.
Краен пласман Велосипедски класик Редлендс - 2001
- 1.
Краен пласман Велосипедски класик Солано - 1. Етапа 5 Велосипедски класик Редлендс
- 1. Етапа 3 Класик Каскада
- 2002
- Првак Велосипедски национален календар САД
- 1.
Краен пласман Класик Фичбург - 1.
Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1.
Краен пласман Класик Си Отер
- 1. Етапа 3
- 1.
Краен пласман Велоспедски класик Солано
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3 ГП Нејчр Вали
- 1. Етапа 3 Класик Каскада
- 2. Национално друмско првенство
- 2003
- Првак Велосипедски национален календар САД
- 1.
Краен пласман Трка околу Џорџија
- 1. Планински пласман
- 1.
Краен пласман Велосипедски класик Редлендс - 1.
Краен пласман Велосипедски класик Солано
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- 1. ГП Сан Франциско
- 1. Велосипедска класична трка Меклејн Пацифик
- Класик Фичбург
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 2004
- Првак Велосипедски национален календар САД
- 1.
Краен пласман Класик Си Отер
- 1. Етапа 2
- 1.
Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
- 1. Пролог
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1.
Краен пласман Етапна трка Помона Вали
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1.
Краен пласман Етапна трка Темекула - 1. Трка Пајн
- 3. Краен пласман Трка околу Џорџија
- 9. Светско друмско првенство
- 2005
- 5. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 6
- 2006
- 1. Етапа 2 Тур де Романди
- 10. Краен пласман Париз-Ница
- 2007
- 5. Краен пласман Тур де Романди
- 15. Краен пласман Тур де Франс
- 2008
- 1. Етапа 3 Тур де Вајт Рок
- 7. Џиро ди Ломбардија
- 2009
- 2. Краен пласман Тур де л’Ен
- 2010
- 1.
Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
- 1. Етапа 6 (ITT)
- 2. Краен пласман Џиро ди Сардења
- 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 10. Краен пласман Тур де Франс
- 7. Флеш Валон
- 8. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 10. Амстел Голд Рејс
- 2011
- 1.
Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 1. Етапа 4
- 2. Етапа 7
- 2. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
- 4. Краен пласман Волта а Каталуња
- 2012
- 2. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 7. Краен пласман Трка околу Јута
- 8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 9. Краен пласман Трка околу Баскија
- 13. Краен пласман Тур де Франс
- 2013
- 6. Краен пласман Тирено-Адријатико
Резултати од генералниот пласман на Гранд Тур [уреди]
| Гранд Тур | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| - | - | - | - | СО | - | - | - | |
| 33 | 64 | 15 | - | - | 9 | СО | 13 | |
| - | 20 | 36 | - | СО | - | - | - |
СО = се откажал
Наводи [уреди]
- ↑ „РадиоШек-Нисан-Трек го објави составот за 2012“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 5 декември 2011 (проверено на 17 јануари 2012).
- ↑ Биографија на USA Cycling
- ↑ Tooting his own Horner – Part I
- ↑ Крис Хорнер на Eurosport.com
- ↑ [1]
- ↑ Свифт, Хајди. „Крис Хорнер докажа зошто е миленик кај публика“, „The Oregonian“, 2008-08-16 (проверено на 2008-08-17).
- ↑ „Хорнер потпишал со РадиоШек на две години“, Cycling News, 2009-09-04. Retrieved on 2009-10-02.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/features/horner-100-per-cent-focused-on-tour-de-france-after-california-victory
- ↑ „Хорнер со 39 години е најстариот возач кој победил на Трката околу Калифорнија“, „The San Francisco Chronicle“, 2011-05-23.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Крис Хорнер“ |
- 2009 Профил на возачот
- Биографија на USA Cycling
- Твитер-профил
- Интервју со Крис Хорнер на Bikerumor.com
|
|||||