15 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
15 октомври е 288-иот ден во годината според григоријанскиот календар (289-и во престапна година). Остануваат 77 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1582 | Почнува да се користи Грегоријанскиот календар. Во Италија, Полска, Португалија и Шпанија датата 4. октомври била следена од 15. октомври, т.е. биле прескокнати 10 дена. |
| 1878 | Компанијата на Едисон за електрични светилки, денешен Џенерал Електрик, започнала со работа. |
| 1894 | Алфред Драјфус, бил уапсен за шпионирање - започнала Аферата „Драјфус“ која кулминирала со написот „Обвинувам!“ од Емил Зола во весникот Аурора. |
| 1928 | Цепелинот „Граф Цепелин“ го завршил првото патување преку Атлантикот и слетал во Лејкхурст, Њу Џерси, САД. |
| 1945 | Втора светска војна: Смртната казна со стрелање била извршена над поранешниот претседател на Вишиевска Франција Пјер Лавал за предавство. |
| 1946 | Нирнбершки процес: Херман Геринг се самоубил со труење ноќта пред извршувањето на смртната казна. |
| 1971 | Иран ја прославил 2500-годишнината од основањето на Персија. |
| 1984 | Во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“. |
| 1992 | Во Скопје е регистрирана Демократската Партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Едроган Сарач. |
| 1995 | По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско - грчката граница. |
Родени:
| 1608 | Еванџелиста Торичели, италијански физичар и математичар. |
| 1844 | Фридрих Ниче, германски философ, професор по класична филологија. |
| 1854 | Оскар Вајлд, англиски писател. |
| 1977 | Давид Трезеге, француски фудбалер. |
Починале:
| 1917 | Мата Хари со вистинско име Гертруд Маргарет Зеле била погубена во Париз. Позната германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка, |
| 1989 | Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме. |
Празници:
| Глобален ден на миењето раце | |
| САД: Ден на белиот бастун |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
