Емил Зола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Емил Зола
ZOLA 1902B.jpg
Занимање Novelist, playwright, journalist
Националност French
Жанрови Naturalism
Значајни дела Les Rougon-Macquart, Thérèse Raquin

Потпис

Емил Зола (француски: Émile Zola; 2 април 1840 - 29 септември 1902) — француски писател, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста.

Во своите дела внел толкава енергија и страст, што тие често добиваат халицинантни и чудесни димензии. Најпознати негови дела се романите „Нана“, „Жерминал“, „Земја“, „Плодност“ и „Слом“.

Живот и дело[уреди]

Семејството на Зола осиромашува после смртта на татко му. На 18 години тој стигнува во Париз каде, благодарение на некој пријател на татко му, успева да се запише на лицејот Св. Луј. Чувствувал како да заостанува зад своите другари, па затоа многу читал. Дипломата никогаш не ја добил, затоа што не го положил испитот по хуманистички науки. Тоа е иронија на судбина: идниот водач на моќното литературно движење, ја положил хемијата, но паднал на испитот по книжевност.

Зола останал без диплома и без пари, па ја почнал тешката борба за опстанок. Почнал да пишува и прво издава некакви безначајни текстови, а потоа и редица критики кои му ја донесле славата, н осо неа и редица непријатели. Почнува да ги издава во продолженија романите „Тереза Ракен“ и „Мадлен Фера“. Лошите напади со кои весниците ги дочекале романите, всушност го свртеле вниманието на публиката кон авторот. Тогаш Зола прави грандиозен план: серија на романи познати под името „Ругон-Макар“.

Зола сакал да напише „природна и социјална историја на едно семејство“, и за оваа работа се зафатил не толку како уметник, туку како вистински научник. Во текот на 22 години, Зола објавил 20 романи кои и како преводи го свртеле светот. Најпопуларни меѓу нив се: „Нана“, „Фантазија“, „Ѕвер човек“, „Пари“, „Слом“ и други.

Зола напишал нова серија на романи, а тоа се три романи: „Лурд“, „Рим“ и „Париз“. Третата серија му е „Четирите евангелија“: „Плодност“, „Работа“, „Вистина“ и „Праведност“ (четвртиот останал ненапишан).

Емил Зола умрел со бесмислена смрт: труење со јаглерод-моноксид, до кое дошло поради дефект во каминот.

За ликовите во „Нана“[уреди]

Од високите кругови, одбраното друштво, дворските коморници, грофови и маркизи, под блескавите мундири и сјајните тоалети се кријат животински инстинкти, изопачени чувства, гадости. Аристократијата лежи под нозете на куртизаните, ќерките на улицата.

Нана е грубо и бесрамно суштество. Нејзе ја воспитувала улицата. Таа е цинична и лишена од минимум култура. Нема страсти, се подава на секого, но без љубов, туку од корист. Нана има голема привлечна моќ: знае да ги разбуди најниските инстинкти.

Банкарот Штејнер деловен човек, кој врти милиони, упропастува соперници, студен и свиреп, цар во светот на парите, во присуство на Нана се претвора во одвратен идиот.

Грофот Мифа воспитан во духот на религијата, семеен човек, станува играчка во рацете на оваа жена.

Младиот Жорж Игон е третата жртва на Нана. Но ова момче не ѝ дало ништо освен своето срце. Нана некое време си игра со него, а неговата мајка за да го спаси синот, го испраќа кај Нана постариот син, Филип. Но и Филип станува нејзина жртва, па несреќната мајка ги губи и двата сина.

Од аристократските кругови, Нана се спушта меѓу боемите. Живее во беда, ја тепа некој глумец и едвај се спасува од полицијата. После овие понижувања, судбината повторно ја исфрла на вртоглава висина. Станала голема светска дама, аристократ, царица во своето царство.

За романот „Пари“[уреди]

Романот „Пари“ нè пренесува во светот на банкарите и капиталистите, чија единствена страст е страста по заработување. Илјадници лесноверни луѓе ги вложуваат своите последни пари кај спекулантите, и финансиски пропаѓаат, овозможувајќи им на измамниците да дојдат до лесно заработени милиони. Во светот на банкарите парите не постојат како вредност. Хартијата е непостојана и молчалива, денес вредна колку цело богатство, утре безвредна како хартија за пакување. Таа хартија ги решава судбините на милиони луѓе, урива империи, поместува граници.

Гундерман е банкарски цар, господар на берзата и еден од оние луѓе кои ја сакаат работата поради неа самата. Тој ужива во смелите комбинации на хартиите. Неговиот соперник Сакар, низ чии раце поминала река милиони, не успева ништо да задржи. И кога видел дека царот на берзата не успева ни да ја испие шољата млеко, се запрашал: „Зошто му се сите тие милијарди, кога се одрекол од сите животни радости?“


Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]