Пол Сезан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пол Сезан
Paul Cézanne 160.jpg
Авто-портрет (1875)
Роден Paul Cézanne
19 јануари 1839
Франција Екс ан Прованс, Франција
Починал 22 октомври 1906
Франција Екс ан Прованс, Франција
од пневмонија
Занимање сликар
Сопружник Ортоос
Татко
Родители Луј-Август Сезан и Ан-Елизабет Онорин Обер


Вазна со Цвеќиња (1876) Мрсни бои на платно

Пол Сезан (француски: Paul Cézanne) (19 јануари, 183922 октомври, 1906) бил француски уметник и постимпресионистички сликар чии творештва претставуваат фондација на транзицијата од уметничкиот стил користен во 19-от век во радикално поинаквиот стил на 20-от век. Може да се каже дека Сезан прави мост помеѓу импресионизмот на доцниот 19 век и кубизмот на раниот 20 век. Фактот дека и Матис и Пикасо рекле дека Сезан „...ни е татко на сите нас...“ не може лесно да се потцени.

Творештвото на Сезан демонстрира одлично чувство за дизајн, боја, композиција и цртање. Неговите удари со четка се повторувачки, чувствителни, истражувачки и лесно се препознаваат како негови. Сезан користел рамнини со боја и мали удари за да оформи сложени полиња кои понекогаш биле одраз на сензацијата која што ја добиваме во нашите очи, а друг пат биле одраз на апстрактна верзија од она што го гледаме во природата. Сликите на Сезан покажуваат дека Сезан длабоко ги студирал своите предмети и дека се измачувал со комплексноста на човековата визуелна перцепција.

Живот и Творештво[уреди]

Биографија[уреди]

Пол Сезан бил роден на 19 јануари 1839 во Екс ан Прованс, еден од најјужните региони во Франција. Прованса е географски разновиден регион и се состои од неколку седиментни висорамнини и планински венци на исток од долината на реката Рона. Климата е жешка и сува во лето, а студена во зима. Регионот има делови со ниска надморска височина па се до мошне високи планински врвови. Планинските делови се покриени со борови шуми. Овие карактеристики на природата можат да се видат во делата на Сезан. Низ неговиот живот, Сезан развил силна љубов кон природата на Прованс и таа станала еден од главните предмети во подоцната фаза на неговото сликање.

Од 1859 до 1861 година Сезан студирал право во Екс а истовремено земал часови по сликање. И покрај противењата на татко му, тој се посветил на уметностата и од Екс со неговиот близок пријател Емил Зола се упатил кон Париз во 1861 година. По некое време, татко му се смирил со Сезан и го поддржал неговиот избор за кариера. По смртта на неговиот татко, Сезан добил поголемо наследство кое му овозможило да живее комфортен живот.

Надворешни врски[уреди]