22 октомври
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Октомври 2008 22 октомври е 295-иот ден во годината според григоријанскиот календар (296-и во престапна година). Остануваат 70 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1962 | Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и авијацијата на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба. |
| 1991 | На општите избори во Турција, победи Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел. |
| 1997 | Најстарата македонска православна црква во Австралија, „Свети Ѓорѓи“, во Фицрој, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на некоја градежна фирма. |
Родени:
| 1811 | Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. |
| 1917 | Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. |
Починале:
| 1906 | Пол Сезан, француски сликар. |
| 1973 | Димитар Николоски - Луј, македонски музички педагог и композитор |
| Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |

