Катрин Денев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ктерина Данев

Катрин Денев (француски: Catherine Deneuve; Париз, 22 октомври 1943) е францускa глумица. Се смета за еден од најголемите француски глумици на сите времиња.

Добитничка е на бројни награди, меѓу кои и две Награди Цезар за најдобра женска улога, Куп Волпи Првенство во Венеција филмски фестивал и Сребрена мечка за најдобра глумица во филмот на фестивалот во Берлин. За нејзината улога во филмот Убавицата на денот била номинирана за наградата БАФТА за најдобра глумица во водечка улога, за нејзината улога во филмот Индокина за наградата Оскар за најдобра глумица во водечка улога.

Животопис[уреди | уреди извор]

Денев е родена 22 октомври 1943 во Париз како Катрин Фабјен Дорлеак. Нејзинте родители, татко Морис Дорлеак и мајка Рене Симоно, исто така  биле глумци. Денев има две сестри, Франсоаз (1942−1967), со која играла во филмот Госпоѓицата од Рошфора, и Силви, као и полусестра Даниел, чиј татко е глумецот Еме Кларион. Денев посетувала католички училишта.[1]

Личен живот[уреди | уреди извор]

По мајчиниот француски, Денев течно говори италијански и англиски, а се служи и со германски јазик.[2]

Денев од 1965 до 1972 година била во брак со фотографот Дејвид Бејли, ама немале деца.[3] Потоa  била во долгогодишна врска со режисерот Роже Вадим, со кој добила син Кристијан, и глумецот Марчело Мастројани, со кој добила ќерка Кјара.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Hello, I'm Catherine Deneuve“. Лос Анђелес тајмс (англиски). 1992. Посетено на 27 септември 2017.
  2. „Catherine Deneuve“. -{Gala}- (француски). Посетено на 27 септември 2017.
  3. „People don't know very much about me“. -{The Advocate}- (француски). 1995. Посетено на 27 септември 2017.