21 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
21 октомври е 294-иот ден во годината според григоријанскиот календар (295-и во престапна година). Остануваат 71 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1805 | Во Битката кај Трафалгар британската флота предводена од адмиралот Лорд Нелсон ја победила здружената Француска и Шпанска флота. Оваа победа претставувала почеток на светската доминација на британската морнарица во следните 130 години. |
| 1824 | Џозеф Аспдин, ѕидар од Лидс, Велика Британија, го патентирал Портланд цементот. |
| 1941 | Втора Светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца. |
| 1967 | Над 100.000 демонстранти протестирале против Виетнамската војна во Вашингтон, САД. 683 лица биле уапсени поради судари со полицијата. |
| 1995 | По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка. |
| 1997 | Мило Ѓукановиќ, е избран за претседател на Црна Гора. |
| 2010 | Усвоено новото знаме на Мјанмар (Бурма). |
Родени:
| 1833 | Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец |
| 1919 | Димче Јанко, истакнат македонски копаничар од Охрид |
Починале:
| 1494 | Џан Галеацо Сфорца, војвода од Милано. |
| 1927 | Бора Станковиќ, српски писател. |
| 1969 | Џек Керуак, американски писател, претставник на таканаречената „бит генерација“ |
| 1984 | Франсоа Трифо, еден од најпознатите француски филмски режисери со светска слава. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |