Кинорежисер

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Филмски режисер)
Кинорежисерот, десно, ги дава неговите последни минути на екипата и глумците, за време на снимањето на драма-филм на местоположба во Лондон.

Кинорежисер (ж. р. кинорежисерка; англиски: Film director) — личност што го раководи снимањето и производството на филмот.[1] Голем број луѓе ги сметаат кинопродуцентите, снимателите, монтажерите како и експертите за посебни ефекти за кинорежисери.[2]

Кинорежисерот ја оличува неговата замисла на сцената, ги управува уметничките и драмски движења на глумците, заедно со цела авторска екипа што работи според неговиот поглед. Во некои случаи, кинорежисерите немаат целосно управување врз филмот. Кинорежисерот, исто така, може да биде избран и од страна на продуцентот на самото дело. Во овој случај, продуцентот има право на вето врз она што не му се допаѓа при режирањето на филмот, бидејќи е работен според неговото сценарио.

При режирање на поединечни епизоди за некое телевизиско шоу, одговорноста на кинорежисерот е некако намалена, поради причината дека видливиот изглед и нежноста на ТВ-сериите веќе се поставени, најчесто преку творецот на шоуто, извршниот продуцент, или само продуцентот.[3]
Во однос на половата еднаквост, слободно може да се каже дека кинорежијата претставува машка професија. Првата жена режисер (кинорежисерка) што ја освоила наградата „Оскар“ за режија била Кетрин Бигелоу, во 2010 година. Според анкетата на Центарот за истражување на работата на жените во телевизиската и киноиндустрија, само 7 % од 250-те најисплатливи филмови во 2014 година биле режирани од жени.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Cambridge Advanced Learner's Dictionary)“. Архивирано од изворникот на 2009-12-26. Посетено на 2010-01-13.
  2. American Heritage Dictionary[мртва врска]
  3. Karl French (2006-08-27). „Seeing the director's point of view“. Financial Times.
  4. „Жените се најчесто пред камерите, ретко која седнува на режисерското столче“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 22.