1 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
1 октомври е 274-иот ден во годината според григоријанскиот календар (275-и во престапна година). Остануваат 91 денови до крајот на годината.
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Настани:
| 331 п.н.е. | Александар Македонски го победил Дариј III во Битката кај Гавгамела. |
| 1795 | Белгија е освоена од Франција. |
| 1827 | Руската армија под водство на Иван Паскевич го освојува Ереван, завршувајќи го милениумот на муслиманска доминација во Ерменија. |
| 1869 | Австрија ги издава првите поштенски разгледници во светот. |
| 1880 | Првата фабрика за електрични светилки е отворена од Томас Едисон. |
| 1891 | Во САД, Калифорнија, се отвора Стенфорскиот универзитет. |
| 1908 | Форд го претставува „Модел Т“, првиот автомобил кој се произведувал на лента. Со цена од долари, продадени се над 15 милиони возила во текот на 19-годишното производство. |
| 1943 | Околу 4.000 балисти, заедно со германски офицери и војници, на планината Буковиќ, кичевско, извршија напад врз слободната територија на Западна Македонија. |
| 1949 | Водачот на Комунистичката партија Мао Це Тунг го прогласил создавањето на Народна Република Кина. |
| 1989 | Во Данска е заснована првата легална хомосексуална семејна заедница. Според данскиот закон, се вика „регистрирано партнерство“. |
Родени:
| 205 | Александар Север, римски император. |
| 1207 | Хенри III, крал на Англија. |
| 1507 | Јакопо Бароци да Вињола, италијански архитект и теоретичар. |
| 1644 | Алесандро Страдела, италијански композитор. |
| 1754 | Павле I, руски цар. |
| 1791 | Сергеи Аксаков, руски писател. |
| 1891 | Анѓел Динев, македонски општественик и публицист. |
| 1904 | Владимир Хоровиц, најпознат пијанист во 20 век. |
| 1920 | Шерафетин Неби, македонски актер. |
| 1927 | Том Босли, американски актер. |
| 1943 | Хусто Хорхе Падрон, шпански поет. |
| 1946 | Сервет Авзиу, македонски политичар. |
| 1946 | Александар Кујунџиски, македонски писател. |
| 1954 | Мартин Стрел, словенски пливач. |
| 1954 | Дончо Димовски, македонски математичар. |
| 1969 | Николаос, принц на Грција. |
| 1972 | Стевче Алушевски, македонски ракометар. |
Починале:
| 1404 | Папа Бонифациј IX, римски папа. |
| 1684 | Пјер Корнеј, француски писател. |
| 1708 | Џон Блоу, британски композитор. |
| 1808 | Карл Готхард Лангханс, пруски архитект. |
| 1923 | Ефрем Чучков, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО. |
| 1979 | Прегуњо, бразилски фудбалер. |
| 1986 | Тришо Стојановски, македонски писател. |
| 1994 | Пол Лорензен, германски филозоф. |
| 2003 | Анте Поповски, македонски поет. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |