2 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
2 октомври е 275-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (276-и во престапна година). Остануваат 90 денови до крајот на годината.
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Настани:
| 1187 | Султанот Саладин го освојува Ерусалим по 88 годишно владеење на Крстоносците, што било повод за Третата крстоносна војна. |
| 1535 | Пловејќи узводно по Сент Лоренс, Жак Картие пристигнал до селото на Ирокезите Хошелага, денешен Монтреал во Канада. |
| 1608 | Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Либертеј го демонстрира првиот употреблив дурбин. Познатиот Галилеј првиот дурбин го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутн го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката. |
| 1935 | Фашистичка Италија ја нападна Етиопија, една од ретките независни држави во Африка. |
| 1944 | Нацистите го загушуваат Варшавското востание. |
| 1990 | Киднапираниот кинески Боинг 737, слетувајќи на кантонскиот аеродром, се урива во два други авиона, убивајќи 132 лица |
| 1991 | Сите странски средства за информирање оценуваат дека „Белград почна нова воена офанзива“ (против Хрватска) и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна. |
| 1992 | Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија. |
Родени:
| 1452 | Ричард III, англиски крал. |
| 1847 | Паул фон Хинденбург, германски офицер и политичар. |
| 1852 | Вилијам Ремзи, шкотски хемичар. |
| 1869 | Махатма Ганди, индиски национален водач. |
| 1904 | Греам Грин, британски писател. |
| 1913 | Карл Милер, германски фудбалер. |
| 1924 | Хиџет Рамадани, македонски и југословенски правник и политичар. |
| 1935 | Омар Сивори, аргентински фудбалер. |
| 1951 | Стинг, британски музичар и актер. |
| 1984 | Горан Попов, македонски фудбалер. |
| 1987 | Матиас Кардасио, уругваиски фудбалер . |
Починале:
| 1629 | Антонио Цифра, италијански композитор |
| 1264 | Папа Урбан IV, римски папа. |
| 1804 | Никола Кињо, француски изумител. |
| 1850 | Сара Бифен, англиски уметник. |
| 1927 | Сванте Арениус, шведски физичар. |
| 1962 | Борис Ј. Букреев, руски математичар. |
| 1973 | Паво Нурми, фински атлетичар |
| 1985 | Рок Хадсон, еден од најпознатите холивудски артисти. |
| 1991 | Димитриј Константинополски, патријарх на Константинопол. |
| 2001 | Франц Библ, германски композитор |
| 2007 | Катерина, грчка принцеза. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |