Горан Попов
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 2 октомври 1984 | ||
| Роден во | Струмица, СР Македонија | ||
| Висина | 1,89 м | ||
| Положба | лев бек | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | ВБА (на заем од Динамо Киев) | ||
| Број | 4 | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 2002–2003 | ФК Беласица | 6 | (0) |
| 2003 | Продефтики | 0 | (0) |
| 2004 | АЕК | 8 | (0) |
| 2004 | Црвена Ѕвезда | 0 | (0) |
| 2004–2005 | Одра | 11 | (0) |
| 2005–2007 | Егалео | 44 | (1) |
| 2007–2008 | Левадијакос | 20 | (0) |
| 2008–2010 | Херенвен | 51 | (2) |
| 2010– | Динамо Киев | 31 | (2) |
| 2012– | Вест Бромвич Албион | 0 | (0) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 2004– | Македонија | 41 | (2) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 17 јули 2012. † Appearances (Goals). |
|||
Горан Попов (Струмица, 2 октомври 1984) е македонски професионален фудбалер, кој игра на позиција лев бек и во моментов е член на англискиот, Премиер лигаш, Вест Бромвич Албион каде настапува како позајмен фудбалер од украинскиот Динамо Киев.
Попов ја започнал својата кариера во Беласица од каде поминал една сезона на заем во грчкиот клуб Продефтики, пред да потпише за далеку поголемиот клуб од оваа земја Атински АЕК. Истата 2004 година Попов се преселил во редовите на Црвена Ѕвезда, но поради серијата на повреди тој не одиграл ниту еден натпревар за белградскиот тим, поради што се вратил во грчкиот фудбал овојпат во редовите на Егалео откако поминал сезона на заем и во Полска играјќи за Одра Водзислав. Кога Егалео испаднал од лигата во 2007 година, Попов му се приклучил на Левадијакос, пред да потпише со холандскиот прволигаш Херенвен во 2008 година. Во неговата прва сезона во клубот тој го освоил КНВБ купот, постигнувајќи и еден погодок во финалето против Твенте. По две добри сезони во Херенвен во 2010 година Попов потпишал за Динамо Киев, со кого освоил уште еден трофеј, украинскиот Супер куп.
Попов исто така е и член на македонската фудбалска репрезентација. Досега има 44 настапи во репрезентацијата. Својот прв погодок за Македонија Попов го постигнал на 30 мај 2004, во победата над Естонија со 4-2.
Содржина |
Кариера [уреди]
Вест Бромвич Албион [уреди]
На 10 август 2012, Попов потпишал најпрво за Стоук Сити, но трансферот пропаднал откако не му била издадена работна дозвола за играње во Англија. Сепак, во последниот ден од трансферниот прозорец тој се преселил во Премиер лигата потпишувајќи за Вест Бромвич Албион. Своето деби во Премиер лигата, Попов го направил на 30 септември 2012 во шестото коло од сезоната, започнувајќи како стартер против Астон Вила во дербито на Бирмингем. Во следните два месеци од сезоната Попов бил главно на клупата за резерви, бидејќи менаџерот на тимот Стив Кларк повеќе верувал во Лајам Риџвел кој играл на позицијата лев бек. Во текот на месец декември 2012 Попов бил стартер во 4 од 6 натпревари. На 3 февруари 2013 година, Попов бил исклучен од страна на судијата Марк Клатенбург за плукање кон десниот бек на Тотенхем Кајл Вокер, во натпреварот кој завршил 1-0 за петлите. Должината на неговата суспензија допрва треба да се одлучи.
Приватен живот [уреди]
Тој е помлад брат на Роберт Попов кој истотака е професионален фудбалер.
Надворешни врски [уреди]
- Профил на Горан Попов на soccerway
- Родени во Струмица
- Родени на 2 октомври 1984
- Родени во октомври 1984
- Родени во 1984 година
- Македонски фудбалери
- Фудбалери со потекло од Струмица
- Фудбалери на ФК Беласица (Струмица)
- Фудбалери на ФК Силекс
- Фудбалери на ФК АЕК Атина
- Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда
- Фудбалери на ФК Левадијакос
- Фудбалери на ФК Егалео
- Фудбалери на ФК Херенвен
- Фудбалери на ФК Динамо Киев
- Фудбалери на ФК Вест Бромвич Албион