Паул фон Хинденбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Паул фон Хинденбург
Paul von Hindenburg
Паул фон Хинденбург

Втор претседател на Германија
Мандат
12 мај, 1925 – 2 август, 1934
Претходник Фридрих Еберт
Следбеник Адолф Хитлер

Роден 2 октомври 1847
Знаме на Германската конфедерација
Позен, Германија (денес Познањ, Полска)
Починал 2 август 1934
Национално знаме на Германија (1933-1935)
Нојдек, Германија (денес Суш, Полска)
Партија нема

Паул Лудвиг Ханс Антон фон Бенекендорф унд фон Хинденбург (германски: Paul Ludwig Hans Anton von Beneckendorff und von Hindenburg , познат како Паул фон Хинденбург) (2 октомври, 18472 август, 1934) бил германски маршал и државник.

Хинденбург имал незначајна, но долга кариера во Пруската армија, по што се повлекол, во 1913. Повторно бил повикан по избувнувањето на Првата Светска војна и првпат бил широко претставен на народната јавност на шеесет и шест години, како победникот од Таненберг од 1914. Како врховен заповедник на Германија од 1916, тој и шефот на вооружените сили, Ерих Лудендорф, се кренале во очите на германската јавност. Хинденбург повторно се повлекол во 1919, но се вратил во јавниот живот уште еднаш во 1925, избран за втор претседател на Германија.

Иако на 84 години и со нарушено здравје, Хинденбург морал повторно да се кандидира во 1932 како единствениот кандидат кој можел да го победи Адолф Хитлер, што и се случило. За време на вториот мандат како претседател, направил сѐ што можел за да ги спречи нацистите да стасаат до моќта, но на крај бил приморан да го назначи Хитлер за канцелар во јануари 1933. Во март го потпишал „Овластувачкиот акт“ од 1933, што им дал особени моќи на Хитлер и неговата влада. Хинденбург умрел следната година, по што Хитлер ја прогласил неговата позиција за празна и себеси се прогласил за претседател.

Познатиот цепелин Хинденбург што бил соборен во 1937 бил наречен така во негова чест, како и надвозникот од островот Силт до копното Шлезвиг-Холштајн, именуван Хинденбургдам, изграден за време на неговото претседателство.