Вајмарска Република

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Deutsches Reich
Германски Рајх

1918–1933
Знаме Грб
Химна
Песната на Германците
Das Lied der Deutschen
Германија во времето на Вајмарската Република
Главен град Берлин
Јазици германски
Уредување сојузна парламентарна република; либерална демократија
Претседател
 -  1918–1925 Фридрих Еберт
 -  1925-1934 Паул фон Хинденбург
Канцелар
 -  1919 Филип Шајдеман (прв)
 -  1923 Густав Штрасеман
 -  1933 Адолф Хитлер (последен)
Законодавство Рајхстаг
 -  државен совет Рајхсрат
Историски период Меѓувоен период
 -  Основана 9 ноември 1918
 -  Хитлер ја зазел власта и станал канцелар 30 јануари 1933
 -  Рајхстагски пожар 27 февруари 1933
 -  Акт од 1933 година 23 март 1933
Површина
 -  1925 [1] 468787 км²
Население
 -  1925 [1] 62411000 
     Густина 133.1 жит/км²
Валута Германска папиермарка (ℳ), (1919-1923)
Германска Рентенмарка
(1923-1924)
Рајхмарка (ℛℳ) (1924–1933)
Денес во  Германија
 Полска
 Русија
Горе прикажаниот грб бил користен до 1928, потоа заменет од со друга верзија.[2]

Вајмарска Република (германски: Weimarer Republik) или официјално Германски Рајх (Deutsches Reich) се нарекува Германија во периодот од 1919 до 1933 год. Овој период е познат како Вајмарски период. Името го добила по градот Вајмар, каде што се оддржал национален собир за донесување на нов устав (којшто стапил насила од 11 август 1919 г.) за Германија по поразот во Првата светска војна.

Сепак во овој период официјалното име на државата било „Германски Рајх“, а името „Вајмарска Република“ е употребувано само од историчарите денес. Вајмарската Република била создадена во февруари 1919, а престанала да постои со доаѓањето на Адолф Хитлер на власт во март 1933, кога Германија била позната како Третиот Рајх.

Првиот обид за создавање на либерална демократска Германија пропаднал со доаѓањето на Хитлер и Нацистичката партија на власт, иако уставот од 1919 бил задржан, промените што биле направени во 1933 (познати како Gleichschaltung) тотално го уништиле принципот на слободна демократија. Овие промени во уставот се бележат како крај на Вајмарската Република.

Наводи[уреди]

  1. „Das Deutsche Reich im Überblick“. „Wahlen in der Weimarer Republik“. http://www.gonschior.de/weimar/Deutschland/index.htm. конс. 26 април 2007. 
  2. Cf. Der Große Brockhaus: Handbuch des Wissens in zwanzig Bänden: 21 vols., completely revis. ed., Leipzig: F. A. Brockhaus, 151928-1935, vol. 4 (1929): "Vierter Band Chi–Dob", article: 'Deutsches Reich', pp. 611-704, here pp. 648 and 651. No ISBN.