Версајски договор

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сојузниците на Антантата на Версајските преговори: (од лево на десно) премиерот Дејвид Лојд Џорџ од Велика Британија, Виторио Орландо од Италија, премиерот Жорж Клеменсо од Франција и претседателот Вудроу Вилсон од САД.

Версајскиот договор бил мировен договор со кој и формално завршила Првата светска војна помеѓу силите на Антантата и Германија. Бил потпишан на 28 јуни 1919, точно 5 години по убиството на Надвојводата Франц Фердинанд во Сараево, што бил повод за почетокот на војната. Иако примирјето со кое прекинала војната било склучено на 11 ноември 1918, биле потребни уште 6 месеци на преговори за да се склучи мировниот договор. Најважни одредби од договорот биле дека Германија во целост ја прифаќа одговорноста за предизвикување на војната, се согласува да отстапи територии, да се разоружа и да плаќа воена отштета на одредени земји од Антантата.

Договорот не ја постигнал основната цел, а тоа било обезбедување на траен мир во Европа: поради понижувачките услови кои Германија била принудена да ги прифати, само неколку години подоцна дошло до појавата на нацизмот кој потоа постепено ги отфрлил обврските од договорот, а ја предизвикал и Втората светска војна.

Услови на договорот[уреди]

По поразот, Германија била принудена да прифати понижувачки услови:

  • Територијата ѝ била намалена за 13%
  • Сите колонии во Азија и Африка ѝ биле одземени,
  • 12,5% од населението останало надвор од новите граници на Германија,
  • 16,5% од рудниците на јаглен и пола од индустријата на железо и челик останале надвор од Германија.

Територијални отстапки[уреди]

Територијалните отстапки вклучувале:

  • Алзас и Лорен биле отстапени на Франција,
  • Сарските јагленокопи биле предадени под Француска управа на 15 години,
  • Забрането е припојување на Австрија,
  • Забрането е припојување на Чехословачка,
  • Забрането е припојување на Полска и Гдањск,
  • Дел од Горна Шлезија е предаден на Полска,
  • Сите прекуморски колонии биле одобрени
  • Литванија, Естонија и Летонија станале независни држави (претходно преземени од страна на Германија од Русија).

Воени ограничувања[уреди]

Германија прифатила и низа воени ограничувања:

  • Рајнската област станала демилитаризирана зона,
  • Германските вооружени сили не смееле да бројат над 100.000 војници,
  • Регрутирањето било забрането,
  • Војниците да се задржуваат во службата најмалку 12 , а офицерите 25 години,
  • Производството на оружје било забрането,
  • Производството и складирањето на боеви отрови било забрането,
  • Тенковите биле забранети,
  • Поморските сили биле ограничени на 15.000 луѓе, 6 бојни бродови (до 10.000 тони секој), 6 крстосувачи (до 6.000 тони секој), 12 разурнувачи (до 800 тони секој) и 12 торпедни чамци (до 200 тони секој),
  • Подморниците биле забранети,
  • Воени авиони биле забранети,
  • Артилеријата била забранета,
  • Блокади на пристаништа ѝ биле забранети.

Правни мерки[уреди]

  • Германија прифатила дека е единствено одговорна за војната и ветила дека ќе им ги надомести штетите на цивилното население на сојузниците,
  • Императорот на Германија Вилхелм II бил обвинет за тешко нарушување на меѓународниот морал и требало да биде суден како воен криминалец,
  • Многу лица од Германија биле судени како воени криминалци, а некои емигрирале или се криеле од прогонот.

Формирање на Друштвото на народите[уреди]

Со Версајскиот договор било предвидено формирањето на Друштвото на народите кое било претходник на Обединетите Нации. Тоа било иницијатива на претседателот на САД Вудроу Вилсон, кој сакал да создаде механизам за арбитража на идни меѓународни спорови како средство превенција на војни.

Наводи[уреди]