28 јуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

28 јуни е 179-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (180-ти во престапна година). Остануваат 186 дена до крајот на годината. Шаблон:Јуни 2014

Настани[уреди]

1098  Во Првата крстоносна војна крстоносците ги поразиле Турците во битката кај Антиохија.
1389  Се случила Косовската битка во која Србија била поразена од Отоманската Империја.
1914  Австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата жена Софи се убиени од страна на Гаврило Принцип во Сараево, причината за почеток на Првата светска војна.
1919  Потпишан е мировен договор во Версај, Париз со што завршува Првата светска војна.
1948  Донесена е Резолуцијата „За состојбата во КПЈ“ попозната како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат сите здрави елементи во Југославија да му се вратат марксизмот и ленинизмот.
1967  Израел го анектира Источен Ерусалим.
1989  На Газиместан на Косово одбележан е јубилејот 600 годишни од Битката на Косово. Централен настан на прославата, на која присуствувале околу еден милион луѓе, бил говорот на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ со кој започнал неговиот подем како политичар.
1993  Република Македонија станува членка на УНЕСКО.
2001  Поранешниот српски и југословенски претседател Слободан Милошевиќ бил предаден на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, како прв шеф на држава кој бил предаден на Судот.


Родени[уреди]

1476  Папа Павле IV, римски папа.
1491  Хенри VIII, англиски крал.
1577  Петер Паул Рубенс, фламански сликар.
1712  Жан Жак Русо, француски философ, роден во Швајцарија.
1849  Младен Дилевски, македонски поет.
1867  Луиџи Пирандело, италијански писател, добитник на Нобелова награда.
1880  Никола Киров Мајски, македонски писател.
1932  Драгољуб Ставрев, македонски општественик и државник.
1957  Георги Прванов, претседател на Бугарија.
1979  Тим Макорд, басист на Evanescence.
1981  Васил Кириенка, белоруски велосипедист.
1982  Томислав Пачовски, македонски фудбалер.


Починале[уреди]

767  Папа Павле I, римски папа.
1183  Хенри Младиот, крал на Англија.
1586  Примож Трубар, словенечки протестантски реформатор.
1598  Абрахам Ортелиус, картограф, прв кој го изработил модерниот атлас.
1836  Џејмс Медисон, претседател на САД.
1189  Матилда, војвотка од Саксонија.
1892  Велимир Хлебников, руски поет.
1904  Никола Каранџулов, македонски револуционер.
1914  Франц Фердинанд, австриски принц и престолонаследник.
1921  Ѓорче Петров, македонски револуционер.
1975  Род Серлинг, американски сценарист, автор на серијата Зона на Самракот.
1992  Михаил Таљ, советски шахист со потекло од Латвија.
1993  Борис Христов, бугарски оперски пеач .


Празници[уреди]

28 јуни (празници)

јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември