Борис Христов
Борис Христов бил светски познат бугарски оперски пеач (бас) со потекло од Македонија.
| Борис Христов | |
| оперски пеач од Бугарија со потекло од Македонија | |
| Роден | 18 мај 1914 Пловдив, Бугарија |
|---|---|
| Починал | 28 јуни 1993 Рим, Италија |
[уреди] Биографиjа
Борис Христов бил роден во фамилиjата на Кирил Совичанов од Битола, главен редактор на списанието Илустрација Илинден и лидер на Илинденската организација во Бугарија. Маjка му била со потекло од Русија. Уште како дете бил пеач во хорот на Храм-споменик Свети Александар Невски во Софија. Завршил право во Софискиот универзитет. Од 1930 бил член на софискиот хор "Гусла", а во 1942 добил државна стипендија и отишол да студира во Милано, Италиjа. Во наредните години кариерата на Христов го одвела кон врвовите на светската опера - настапувал во прочуената оперска сала Ла Скала во Милано, операта на Рим, Ковент гарден во Лондон, Метрополитен опера во Њујорк, а исто така и во уште многу светски центри на операта - Барселона, Рио де Жанеиро, Сан Франциско и други. Во текот на Студената војна немал право да се врати во Бугариjа дури до 1967 година. По 1970 се поретко настапувал, а неговиот последен концерт бил одржан во Бугарската академиjа во Рим во 1986 година. Погребен е во Бугариjа. Неговите наjпознати оперски улоги се од опери на Џузепе Верди и руски композитори како Модест Мусоргски.