Evanescence

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Evanescence

Evanescence во 2006. Од лево на десно: Џон Лекомпт, Ејми Ли, Тери Балсамо, Роки Греј, и Тим Макорд
Биографски податоци
Потекло Литл Рок, Арканзас, САД
Жанрови Подолу
Период на активност 1995–[1]
Издавачи Wind-up
Мреж. место www.evanescence.com
Членови
Ејми Ли
Тери Балсамо
Тим Макорд
Вил "Сајенс" Хант
Вил Хант
Поранешни членови
Бен Муди
Дејвид Хоџес
Роки Греј
Џон Лекомпт
Вил Бојд

Evanescence (се чита: Еванесенс) e американска рок=група која ја составиле пеајачката/пијанистката Ејми Ли и гитаристот Бен Муди во Литл Рок, Арканзас во 1995 г.[1][2] По неколкуте приватни албуми, бендот во 2003 година го издал својот прв студиски албум наречен Fallen во соработка со издавачката куќа Wind-up Records. Продадени се повеќе од 17 милиони примероци ширум светот,[3] a групата има освоено две греми награди за овој албум.[4] Една година подоцна, во 2004 бендот го издаде својот прв албум во живо, Anywhere but Home, од кој се продадени повеќе од милион примероци ширум светот. Во 2006 тие го објавија нивниот втор албум, The Open Door од кој се продадени 5 милиони примероци.[5]

Во меѓувреме дојде до промена на составот на бендот. Бeндот го напуштија: Дејвид Хоџес во 2002 годинa, гитаристот Бен Муди во 2003, басистот Вил Бојд во 2006, а гитаристот Џон Лекомпт и тапанарот Роки Греј во 2007. Последните две промени довеле речиси до распаѓање на бендот, со многу мал број членови на настапите во живо. Во јуни 2009 година, Ејми Ли на официјалната страна на групата објавила дека групата работи на нов албум. Магазинот Билборд го ранкирал бендот на #71 место на најдобри артисти на декадната табела.[6]

Историја на бендот[уреди]

Формирање на бендот и раните години:1995–2001[уреди]

Групата ја формирале пејачката, пијанистката и текстописецот Ејми Ли и поранешниот гитарист Бен Муди. Тие двајца се запознале во 1994 година во кампот за млади во Литл Рок кога Бен ја слушнал Ејми како ја свири на клавир песната „I'd Do Anything For Love (But I Won't Do That)„.[7] Нивните први песни биле „Solitude“ i „Give Unto Me“, кои ги напишала Ејми, и „Understanding“ и „My Immortal“, кои ги напишал Муди. Песните ги уредувале и двајцата музичари па затоа имале еднакви заслуги.

Две од песните на Ли и Муди биле пуштени на локалните радио станици, со што се зголемила популарноста на групата и се појавило барање за концерт. Бендот набргу се појавил во живо и станал еден од најпопуларните во околината. По експериментирањето со имиња како Childish Intentions и Stricken, ти решиле бендот се вика Evanescence што значи „бледеење“ или „снемување“ (според зборот evanesce, што значи „да бледее“ ).[8] На Ејми Ли тоа и се допаднало бидејќи звучело 'мистериозно и таинствено'.

Првиот демо албум Origin e релативно непознат и од него има 2500 примероци кои се продавале на концертите на бендот. Бендот исто така издал и два други мини-албуми. Првиот е Evanescence EP издаден во 1998 година чии стотина примероци служеле како промотивен материјал за раните години на бендот. Вториот е Sound Asleep EP издаден во 1998 којшто е познат и како Whisper EP од кој се издадени само 50 примероци. Овие албуми содржат некои демо верзии на некои песни од деби албумот Fallen. Ејми Ли и Бен Муди ги бодреле фановите да ги спуштаат и постарите песни од Интернет.[9][10]

Fallen и Anywhere but Home: 2002-2005[уреди]

Потписот на бендот се развил додека албумот Fallen сеуште бил во подготовка. Целта на дизајнерите била насловите на песните да изгледаат уникатно.[11]

Во почетокот на 2003 на групата ѝ се придружиле, Џон Лекомпт, Роки Греј и Вил Бојд, кои биле пријатели на Ејми Ли и Бен Муди и помагале во пишувањето на некои од нивните песни. Во меѓувреме групата потпишала договор со издавачката куќа Wind-up Records и почнала да работи на првиот студиски албум Fallen. Промоцијата на албумот ја направиле во соработка со Нинтендо, компанија која продава видео игри. Тие биле промотери на нивната турнеја во 2003.[12]

Fallen беше 43 недели на врвот на Билборд листата на најпродавани албуми.[13] Продадени се преку 15 милиони примероци, ширум светот,[4] од кои 7 милиони се продадени во САД, каде албумот добил 7x Платинумска сертификација.[14] На Билбордот на Топ 200 албуми се задржа 104 недели,[15] а е еден од осумте албуми кои се задржале повеќе од една година во првите 50.[се бара извор]

Првиот сингл од албумот Fallen, „Bring Me to Life“ на кој гостува Паул Maкој од групата 12 Stones беше светски хит кој се најде на 5. место на Американската Билборд Хот 100 листа, [16]како и на прво место во Велика Британија.[17] Синглот во 2004 освои 2 греми награди за „Најдобра Хард Рок Изведба“ и „Најдобар Нов Изведувач“, а беше номиниран уште во две категории.[18] Еднакво популарната „My Immortal“ се искачила на #7 во САД и на табелите во Обединетото Кралство,[16] и двете песни се користени во акциониот филм Daredevil. Другите два сингла од Fallen се „Going Under“ (#5 САД Модерни Рок Песни,[16] #8 Обединетото Кралство) и „Everybody's Fool“ (#36 САД Модерни Рок Песни,[16] #23 Обединетото Кралство); за кои се снимани и музички видеа.

Во октомври 2003 додека траела европската турнеја на албумот Fallen Бен Муди го напуштил бендот поради „креативни несогласувања“.[19] Неколку месеци подоцна Ејми Ли во интервју изјавила дека ако нешто не се променело во групата, тие не би можеле да го снимат нивниот втор студиски албум. Повеќето од луѓето биле збунети од оваа изјава бидејќи уште од почетокот на формирањето на бендот Ејми и Бен биле најдобри пријатели.[20] Подоцна Ејми изјавила дека откако тој заминал од бендот, полесно се работело и не постоела таа тензија која ја имало кога тој работел со нив.[20] [21] Бен Муди го заменил Тери Балсамо од групата Cold.[22]

Evanescence во 2004 за време на настап во живо во Париз

Во 2004 групата ја објавилe ДВД/ЦД компилацијата насловена како Anywhere but Home. На дискот се наоѓаат снимки од концертот во Париз како и бекстејџ слики. На дискот се наоѓаат и песните „Missing“, која подоцна е издадена како сингл, „Breathe No More“ користена во филмот Електра, „Farther Away“ и песната од Korn, „Thoughtless“ која е препеана од Evanescence.

The Open Door: 2006-2009[уреди]

На 14 јули, 2006 година, било изјавено дека Вил Бојд го напуштил бендот бидејќи "не сакал да оди на уште една голема турнеја" и сакал „да биде близок со својата фамилија“. Ејми Ли на неофицијална страница на бендот Evanescence изјавила дека Тим Макорд, формер гитаристот од бендот Revolution Smile, ќе свири бас наместо Бојд.[23]

Ејми Ли 2007. на концерт

Веста за вториот студиски албум ја кажала Ејми Ли на неоофицијалната страна на бендот, EvBoard.com.[24] Работењето на вториот студиски албум одело бавно, поради другите проекти на членовите на бендот, поради мозочниот удар на Тери Балсамо, поради желбата на Ејми Ли албумот да биде успешен како претходниот и поради загубата на нивниот менаџер.[25] Иако Ли на Evboard кажала дека албумот ќе биде завршен до март 2006,[26] издавањето било одложено од страна на издавачката куќа за да може да се направат неколку промени на првиот сингл „Call Me When You're Sober“ кој се појавил на радио дури во август 2006. Албумот The Open Door бил издаден во Канада и САД на 3 октомври 2006 година;[13] во Англија на 2 октомври 2006; а во Австралија на 30 септември 2006 година.[27] Само првата недела во САД се продале 447.000 примероци со што албумот достигнал прво место на Билборд Топ 200 листата, со што станал 700-от #1 албум на Билборд од 1956[15][28] Спотот за песната „Call Me When You're Sober“ е базиран на приказната за Црвенкапа, а снимени се спотови и за песните „Lithium“, „Sweet Sacrifice“ и „Good Enough“.The Open Door можел да се нарача пред време на iTunes Store на 15 август, 2006, а исто така и музичкото видео за „Call Me When You're Sober“.

Турнејата за албумот The Open Door почнала на 5 октомври, 2006 во Торонто и ги вклучувала локациите во Канада, САД, и Европа во текот на таа година. Оваа прва турнеја продолжила на 5 јануари 2006 и ги вклучувала изведбите во Канада (со бендот Stone Sour), Јапонија и Австралија (со бендот Shihad), a потоа се вратиле во САД за да ја започнат втората турнеја за албумот.[29][30] Како дел од нивната турнеја, Evanescence изведувале на 15 април, 2007 на аргентинскиот фестивал Quilmes Rock 07 со бендовите Aerosmith, Velvet Revolver и другите локални бендови.[31] Тие учествувале и на Family Values Tour 2007 заедно со Korn и другите бендови.[32][33] Групата ја затворила Европската турнеја со концерт во Амфи во Раанана, Израел на 26 јуни 2007[34] и ја завршиле турнејата за албумот на 9 декември 2007 година.[35]

На 4 мај 2007 година Џон Лекомпт изјавил дека бил отпуштен од бендот и кажал дека Роки Греј исто така одлучил да го напушти бендот.[36] Wind-up добиле соопштение дека двата нови членови, тапанарот Вил Хант и гитаристот Трој Меклавхорн од бендот Dark New Day ги замениле Лекомпт и Греј.[37] Веднаш билло изјавено дека новите членови, Вил Хант и Трој Меклавхорн ќе учествуваат во Evanescence за време на Family Values Tour во Септември 2007,[38] но и двајцата продолжиле и за време на турнејата за албумот The Open Door.[35]

Evanescence: 2009-сега[уреди]

Ејми Ли на концерт во Сао Паоло, Бразил, на 8 ноември 2009 година

На сајтот на бендот Ејми Ли објавила дека бендот работи на материјал за третиот албум кој требаше да биде издаден во 2010 година. Исто така таа изјавила дека нивната музика ќе биде „подобра, посилна и поинтересна“.[5] Бендот одржа тајно шоу во Manhattan Center Grand Ballroom во Њуjорк на 4 ноември 2009. Картите за шоуто се продале за неколку минути. Подоцна тие исто така имале изведба во Сао Паоло, Бразил на 8 ноември 2009 година.[39][40]

Evanescence влегле во студиото на 22 февруари за да снимаат нов материјал.[41] Вил „Сајенс“ Хант се придружил на бендот како тапанар и програмер, додека Вил Хант се вратил како втор тапанар.[42] Дејвид Кемпбел, кој претходно работел на The Open Door, бил задолжен за жичените инстументи,[43] а продуцент на албумот ќе биде Стив Лилвајт.[44] Подоцна Ли рекла дека „Стив не се совпаѓаше добро“ и оттогаш бил заменет за продуцентот Ник Раскулинез.[45]

Кога бендот тогаш влегол во студиото, албумот требало да излезе во август или септември во 2010 година.[46] На 21 јуни, Ејми Ли изјавила на EvThreads.com дека членовите на Evanescence моментално го напуштиле студиото за подоцна со „бистри глави“ да го направат албумот. Исто така таа изјавила дека нивната издавачка куќа Wind-Up поминува низ "тешки времиња", што ќе предизвика албумот да биде издаден подоцна.[47][48]

Според вест од Wind-Up, бендот повторно ќе влезе во студиото во почетокот на април со продуцентот Ник Раскулинез, кој исто така е продуцент на Alice in Chains и Foo Fighters, за да продолжат да работат на третиот албум.[49][50] Албумот треба да излезе на есен во 2011 година.[51]Трој Меклавхорн изјавил дека се вратил повторно во бендот откако го напуштил пост-гранџ бендот Seether, но менаџментот на Evanescence подоцна го негирал тоа.[52]

Во интервју со Spin, Ејми Ли рекла дека таа напишала неколку песни на харфа, вклучувајќи ја баладата „Secret Door“ и „My Heart is Broken“. Друга песна, „Oceans“, „почнува со голем, низок синтисајзер, а потоа се вклучува бендот“, рекла Ли. „Многу се забавувавме кога ја свиревме таа песна.“ За темата на албумот Ли рекла, „Јас се инспирирам од природата. Океанот стана тема. Скршеноста стана помалку застапена, без да се нуди решение.“[45] На 12 јуни, 2011, Ејми Ли изјавиле преку својот профил на Твитер дека Трој Меклавхорн официјално се вратил во бенодт и и дека албумот ќе биде издаден на 4 октомври 2011 г.[53] Бендот го снимил албумот во Нешвил.[54] За време на интервју со Kerrang!, Ли открила дека насловот на новиот албум ќе биде Evanescence.[55][56]

Evanescence ќе изведуваат на Rock on the Range во Винипег на 20 август, 2011.[57] Тие ќе имаат настапи и на Rock in Rio на 2 октомври, 2011 со Guns N' Roses и System of a Down како и бразилските изведувачи Pitty и Detonautas Roque Clube.[58]

Други проекти[уреди]

Ејми Ли изјавила дека напишала песна за филмот Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и ормарот во 2005, ама продуцентите на филмот ја одбиле песната бидејќи била многу „мрачна“. Ли подоцна кажала дека песната била само „уште една од добрите работи [на The Open Door]“.[59] Уште една песна која требало да се појави во истоимениот филм била „Lacrymosa“, која Ејми ја напишала инспирирана од работата на Моцарт.[60] Меѓутоа продуцентите на филмот кажале дека во дискот со музика од филмот не било испланирано да се појави било каква музика од Evanescence.[61]

На 23 јануари, 2010 бендот ја издал „Together Again“, песна од албумот The Open Door која не била вклучена за време на неговото издавање во 2006 година, со цел да се соберат пари за донирање на обновувањето на Хаити после земјотресот.[62] Песната е издадена за дигитално спуштање на 23 февруари, 2010 година. Според Ејми Ли, песната била напишана за филмот за Нарнија и инспирацијата дошла од истоимениот филм.

Музички стил[уреди]

Ние сме дефинитивно рок бенд, но пресвртот е во тоа што музиката на бендот е епска, драматична, дарк рок.

—Ејми Ли за жанрот на Evanescence[63]

Критичарите се поделени во мислењата за тоа дали Evanescence е рок или метал бенд, но повеќето од нив ги идентификуваат како еден вид на готик бенд: Публикациите како The New York Times, Rough Guides, Rolling Stone и Blender ги идентификуваат Evanescence како готик метал акт,[2][64][65][66] додека NME, MusicMight, IGN и Popmatters ги идентификуваат како готик рок.[67][68][69][70] Тие се споредени со повеќе бендови од различни жанрови, ну метал ансамбли како P.O.D. и Linkin Park,[71][72] готик метал групи како Lacuna Coil,[73] и симфониски метал групи како Nightwish и Within Temptation.[74] Дејвид Броун од Blender ја опишал музиката на бендот како „готик Христијански ну-метал.“[75][70] Адријан Џексон од My Dying Bride кажал дека музиката на Evanescence е слична како неговата готик метал група, но во поголема комерцијална насока.[76] Други жанрови со кој е спореден бендот се алтернативен метал,[68][77] алтернативен рок,[68][69] хард рок,[68] електроника[67] и чамбер поп.[78]

Отпрвин албумите на Evanescence се продавале само во христијански продавници. Подоцна бендот им дал на знаење дека не сакаат да бидат сметани како дел од христијанскиот рок жанр.[79] Тери Хемингс, извршен директор на христијанската музика, кажал, „Тие точно разбраа дека албумот ќе биде продаван на каналите [на христијанската музика].“[80] Претседателот на Wind-Up Records, Алан Мелтзер преку новините во април 2003 објавил дека сака нивната музика да биде преместена од малопродажните продавници.[81] Во 2006, Ејми Ли кажала за Билборд дека таа сакала нејзиниот бенд да биде сметан како „христијански бенд“ од самиот почеток.[82]

Члeнови на бендот[уреди]

Џон Лекомпт, поранешен гитарист на Evanescence
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Список на членови на Evanescence.
Сегашни
Поранешни

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Evanescence.
Студиски албуми[уреди]

Награди и номинации[уреди]

Година Награда Категорија Номинирана работа Резултат
2003 Kerrang! Награди Најдобар Интернационален Новодојденец Evanescence Победа
2003 MTV Европски Музички Награди Најдобра Песна "Bring Me to Life" Победа
2003 MTV Европски Музички Награди Најдобра Група Evanescence Номинација
2003 MTV Европски Музички Награди Најдобар Нов Акт Evanescence Номинација
2004 Греми Награди Најдобар Нов Артист[18] Evanescence Победа
2004 Греми Награди Најдобра Хард Рок Изведба[18] "Bring Me to Life" Победа
2004 Греми Награди Албум на Годината[18] Fallen Номинација
2004 Греми Награди Најдобар Рок Албум[18] Fallen Номинација
2004 Греми Награди Најдобра Рок Песна[18] "Bring Me to Life" Номинација
2004 Светски музички награди Најдобар Рок Артист Evanescence Победа
2005 Греми Награди Најдобра Поп Изведба од Дуо или Група[83] "My Immortal" Номинација
2006 MTV Европски Музички Награди Најдобар Рок Evanescence Номинација
2007 Kerrang! Награди Најсекси женски изведувач Ејми Ли Победа
2007 MTV Австралија Награди Албум на Годината The Open Door Победа
2007 MTV Европски Музички Награди Rock Out Evanescence Номинација
2008 Греми Награди Најдобра Хард Рок Изведба[84] "Sweet Sacrifice" Номинација

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Amy's Story“. „OutoftheShadows.com“. http://outoftheshadows.com/MainNavAmysStory.cfm. конс. 4 јули 2008. 
  2. 2,0 2,1 Berelian, Essi (2005). „The Rough Guide to Heavy Metal“. London: Rough Guides. стр. 114–115. ISBN 1-84353-415-0. 
  3. „The Official Site || The Open Door – Available Now“. Evanescence. http://www.evanescence.com/news.asp. конс. 14 април 2011. 
  4. 4,0 4,1 Second Cup Cafe: Amy Lee Of Evanescence“, „CBS News“, 10 ноември 2007 (конс. 20 август 2008).
  5. 5,0 5,1 Hartzler, Amy (19 јуни 2009). „News: Will the real Slim Shady please stand up?“. „Evanescence.com“. http://www.evanescence.com/news.asp. конс. 19 јуни 2009. 
  6. Best of the 2000s artists of the Decade Retrieved April 14, 2011
  7. D'Angelo, Joe. „Evanescence: The Split“, MTV, 27 февруари 2004.
  8. „Evanescence“. „Encyclopedia of Arkansas“. http://encyclopediaofarkansas.net/encyclopedia/entry-detail.aspx?entryID=2631. конс. 20 август 2008. 
  9. „Evanescence EPs and pre-Fallen Material“. „EvanescenceReference.info“. http://evanescencereference.info/music/. конс. 20 август 2008. 
  10. „Interview with DC101 radio on February 24, 2003“ (MP3 audio). „EvanescenceReference.info“. 24 февруари 2003. http://evanescencereference.info/music/Evanescence-DC101%20Interview%202.mp3. конс. 20 август 2008. [мртва врска]
  11. „Evanescence Font“. „Draftlight.net“. http://www.draftlight.net/aeryn/evanescence/font.php. конс. 31 јануари 2008. 
  12. Serra, Brian (12 август 2003). „Evanescence, Nintendo Fusion Tour“. „ShowandTellOnline.com, Internet Archive“. архивирано од оригиналот на 28 септември 2007. http://web.archive.org/web/20070928100627/http://www.showandtellonline.com/_evanescence/_review_081203.html. конс. 28 септември 2007. 
  13. 13,0 13,1 Evanescence.com (April 26, 2006). "Evanescence steps through "The Open Door"". Соопштение за печат.
  14. „Duffy's Dazzling Debut“. „RIAA“. 27 јули 2008. http://www.riaa.com/newsitem.php?id=B97B76EF-D14F-0389-69F8-E46B3D1F3670. конс. 10 јануари 2009. 
  15. 15,0 15,1 Hasty, Katie. „Evanescence zooms by Killers to take #1“, „Billboard“, 11 октомври 2006 (конс. 20 август 2008).
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 „Evanescence – Artist Chart History“. „Billboard“. http://www.billboard.com/#/artist/evanescence/chart-history/510526. конс. 20 август 2008. 
  17. „All The Number 1 Singles“. „TheOfficialCharts.com“. http://www.theofficialcharts.com/all_the_no1_songs.php?show=6. конс. 20 август 2008. 
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 18,5 „46th Grammy Awards – 2004“. „RockontheNet.com“. http://www.rockonthenet.com/archive/2004/grammys.htm. конс. 20 август 2008. 
  19. Fuoco, Christina. „Evanescence: Biography“. AllMusic.com. http://www.allmusic.com/artist/p554863. конс. 23 мај 2010. 
  20. 20,0 20,1 Bakker, Tiffany. „Moody Blues“, „Sydney Morning Herald“, 9 јануари 2004 (конс. 20 август 2008).
  21. “” (16 септември 2008). „Amy lee habla de ben moody“. YouTube. http://www.youtube.com/watch?v=Ns6tPv1NTTY. конс. 5 јануари 2011. 
  22. D'Angelo, Joe. „Evanescence Name New Guitarist“, MTV News via VH1, 16 јануари 2004 (конс. 20 август 2008).
  23. Harris, Chris. „Evanescence Set For Fall Tour; Amy Lee Reveals Inspiration Behind 'Sober'“, MTV News via VH1.com, 10 август 2006 (конс. 20 август 2008).
  24. Harris, Chris. „Evanescence Lose Bassist; Amy Lee Vows To Stay On Schedule“, MTV News via VH1.com, 14 јули 2006 (конс. 20 август 2008).
  25. „Evanescence – Bio“. „Evanescence.com“. http://www.evanescence.com/bio.asp. конс. 20 август 2008. 
  26. Lee, Amy (20 јануари 2006). „EvBoard – i love my album :)“. „EvBoard.com“. архивирано од оригиналот на 16 февруари 2006. http://web.archive.org/web/20060216182122/http://evboard.com/showpost.php?p=806385. 
  27. „Evanescence steps through 'The Open Door' – Amy Lee in love with new songs“. „Sony BMG Music Entertainment“. 3 мај 2006. http://www.sonymusic.com.au/news/details.do?newsId=20030829003171. конс. 20 август 2008. 
  28. „Call Me When You're Sober“. „JB Hi-Fi. http://replay.web.archive.org/20080402033121/http://www.jbhifimusic.com.au/Evanescence/Call+Me+When+Youre+Sober. конс. 2 април 2008. 
  29. „Official 2007 tour information“. „Evanescence.com“. http://www.evanescence.com/tour.asp. конс. 20 август 2008. 
  30. „Complete tour dates“. „EvanescenceTheOpenDoor.com“. http://evanescencetheopendoor.com/tour.htm. конс. 20 август 2008. 
  31. „Quilmes Rock 2007“ (на Spanish). „VuenosAirez.com“. архивирано од оригиналот на 4 март 2007. http://web.archive.org/web/20070304160725/http://www.vuenosairez.com/evento.php?idEvento=24370&fechaEvento=2454203. конс. 29 април 2007. 
  32. Moss, Corey, Chris Harris. „Korn, Evanescence, Hellyeah Top Family Values Tour Bill“, MTV News, 26 март 2007 (конс. 20 август 2008).
  33. „Family Values Tour Coming To A City Near You! – Evanescence News“. „Wind-up Records via Evanescence.com“. http://www.evanescence.com/news.asp. конс. 20 август 2008. 
  34. Saba, Rula (26 јуни 2007). „Evanescence rocks the park“. „Ynetnews. http://www.ynetnews.com/articles/0,7340,L-3418294,00.html. конс. 20 август 2008. 
  35. 35,0 35,1 Lee, Amy (9 декември 2007). „Closing the Open Door“. „EvThreads.com“. http://www.evthreads.com/showpost.php?p=531972&postcount=1. конс. 20 август 2008. 
  36. Gittelson, Gerry. „Rock act Evanescence on the rocks“, „Los Angeles Daily News“, 4 мај 2007 (конс. 20 август 2008).
  37. Wind-up Records via Blabbermouth.net (May 17, 2007). "New Lineup Announced". Соопштение за печат.  (консултирано на 2008-08-20)
  38. „Korn, Evanescence Backing Musicians Vow To Carry On With Dark New Day“. „Blabbermouth.net“. 19 мај 2007. http://www.roadrunnerrecords.com/blabbermouth.net/news.aspx?mode=Article&newsitemID=72880. конс. 20 август 2008. 
  39. Harris, Chris. „Evanescence Return to the Stage at "Secret" New York Gig“, „Rolling Stone“, 5 ноември 2009 (конс. 21 ноември 2009).
  40. „Evanescence Returns To Live Stage, Taps Finger Eleven Guitarist“. „Blabbermouth.net“. 5 ноември 2009. http://www.roadrunnerrecords.com/blabbermouth.net/news.aspx?mode=Article&newsitemID=129880. конс. 21 ноември 2009. 
  41. H, Ollie (23 февруари 2010). „Black Label Society Reveals New Drummer“. „MetalUnderground.com“. http://www.metalunderground.com/news/details.cfm?newsid=53310. конс. 24 февруари 2010. 
  42. Goodman, William (5 март 2010). „Amy Lee on the New Evanescence Album“. „Spin. http://www.spin.com/articles/exclusive-amy-lee-new-evanescence-album. конс. 6 март 2010. 
  43. Weingarten, Christopher R. „Evanescence Go Electro As Lee Has 'Fun With Music' on Next LP“, „Rolling Stone“, 2 март 2010 (конс. 2 март 2010).
  44. Smith, Barnaby (24 февруари 2010). „Steve Lillywhite Keen To Replace Cowell On 'American Idol'“. „Spinner.com“. архивирано од оригиналот на 9 декември 2012. http://archive.is/GdeG. конс. 24 февруари 2010. 
  45. 45,0 45,1 http://www.spin.com/articles/amy-lee-talks-evanescences-comeback-lp
  46. Florino, Rick (26 февруари 2010). „Evanescence is Back“. „ArtistDirect.com“. http://www.artistdirect.com/entertainment-news/article/evanescence-is-back/6511485. конс. 1 март 2010. 
  47. Lee, Amy (21 јуни 2010). „What's Up“. „EvThreads.com“. http://evthreads.com/showpost.php?p=1388511&postcount=1. конс. 16 јули 2010. 
  48. New Evanescence Album Delayed?“, „Blabbermouth.net“, 7 јули 2010 (конс. 16 јули 2010).
  49. http://d1hy8grd0ezprp.cloudfront.net/evanescence/newalbum.pdf
  50. „BLABBERMOUTH.NET – Updated: EX-SEETHER Guitarist Has NOT Rejoined EVANESCENCE“. Roadrunnerrecords.com. 1 декември 2007. http://www.roadrunnerrecords.com/blabbermouth.net/news.aspx?mode=Article&newsitemID=156617&utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+blabbermouth+%28Blabbermouth.net%27s+Daily+Headlines%29. конс. 14 април 2011. 
  51. http://d1hy8grd0ezprp.cloudfront.net/evanescence/newalbum.pdf
  52. „Interview: Will Hunt talks new Evanescence album | Rhythm Magazine | BlabberMouth.net“. Roadrunnerrecords.com. http://www.roadrunnerrecords.com/blabbermouth.net/news.aspx?mode=Article&newsitemID=154555. конс. 14 април 2011. 
  53. Lee, Amy (12 јуни 2011). „Twitter / Amy Lee YES!! I'm proud to announc ...“. Twitter. http://twitter.com/AmyLeeEV/status/80078426375073792. конс. 13 јуни 2011. 
  54. Titus, Christa. „Amy Lee: New Evanescence Album is 'Much More of a Band Collaboration'“, „Billboard“, 20 јуни 2011 (конс. 21 јуни 2011).
  55. „We're Breaking All the Rules!“, „Kerrang!“, 25 јуни 2011, стр. 8.
  56. Montgomery, James (23 јуни 2011). „Evanescence Return With 'Dark, Beautiful' Self-Titled Album“. MTV. http://www.mtv.com/news/articles/1666350/evanescence-new-album.jhtml. конс. 23 јуни 2011. 
  57. „MTS Rock On The Range Canada :: Saturday, August 20 2011 :: Winnipeg“. Mtsrockontherange.ca. 15 февруари 2006. http://www.mtsrockontherange.ca/. конс. 14 април 2011. 
  58. „Rock in Rio – Evanescence é a última banda confirmada (португалски). Rock in Rio. 10 мај 2011. http://www.rockinrio.com.br/pt/evanescence-e-a-ultima-banda-confirmada/. 
  59. Lee, Amy (2 декември 2005). „EvBoard – A Bunch Of Stuff!!!“. „EvBoard.com“. http://www.evboard.com/780922-post1.html. 
  60. Reesman, Bryan (November 2006). „The Essence of Evanescence“. „Metal Edge“ 52 (11): 5–10. ISSN 1068-2872. http://www.evanescencewebsite.com/Articles.php. 
  61. Wardrobe closed to Evanescence singer“, „The New Zealand Herald“, 27 ноември 2007 (конс. 20 август 2008).
  62. United Nations Foundation (January 22, 2010). "Evanescence Teams Up With the United Nations Foundation to Raise Money for Victims of the Earthquake in Haiti". Соопштение за печат.  (консултирано на January 22, 2010)
  63. G., Rory. „Amy Lee (II) Biography“. „IMDB“. http://www.imdb.com/name/nm1341624/bio. 
  64. Chaplin, Julia. „A NIGHT OUT WITH: Amy Lee; The Goth Candidate“, „The New York Times“, 8 февруари 2008 (конс. 22 февруари 2009).
  65. Sheffield, Rob (5 октомври 2006). „Evanescence: The Open Door“. „Rolling Stone“. http://www.rollingstone.com/music/albumreviews/the-open-door-20061005. конс. 20 август 2008. 
  66. „Evanescence (live concert)“. Blender. 7 август 2003. http://www.blender.com/guide/reviews.aspx?id=1169. конс. 20 август 2008. [мртва врска]
  67. 67,0 67,1 „Evanescence“. „NME“. UK. http://www.nme.com/artists/evanescence. конс. 20 февруари 2009. 
  68. 68,0 68,1 68,2 68,3 „Evanescence biography at Musicmight“. MusicMight. http://musicmight.com/artist/united+states/arkansas/little+rock/evanescence. конс. 20 февруари 2009. 
  69. 69,0 69,1 Thompson, Ed (4 октомври 2006). „Evanescence – The Open Door review“. IGN. http://uk.music.ign.com/articles/737/737281p1.html. конс. 20 февруари 2009. 
  70. 70,0 70,1 Begrand, Adrien (23 мај 2003). „Evanescence: Fallen“. PopMatters. http://www.popmatters.com/pm/review/evanescence-fallen. конс. 20 февруари 2009. 
  71. Miller, Kirk (25 март 2003). „Evanescence: Fallen“. „Rolling Stone“. http://www.rollingstone.com/artists/evanescence/albums/album/319429/review/5947042/fallen. конс. 20 август 2008. [мртва врска]
  72. „Fallen“. Allmusic.com. http://www.allmusic.com/album/r627641. конс. 11 август 2008. 
  73. Begrand, Adrien (12 мај 2006). „Lacuna Coil: Karmacode“. PopMatters.com. http://www.popmatters.com/pm/review/lacuna_coil_karmacode/. конс. 29 април 2008. 
  74. Begrand, Adrien (24 јануари 2005). „Nightwish: Once / Over the Hills and Far Away“. PopMatters. http://www.popmatters.com/music/reviews/n/nightwish-once.shtml. конс. 20 август 2008. 
  75. Browne, David (2006). „Evanescence: The Open Door“. Blender. http://www.blender.com/guide/reviews.aspx?id=4206. конс. 11 август 2008. [мртва врска]
  76. Grow, Kory (February 2007). „My Dying Bride“. „Decibel“ (28). http://www.decibelmagazine.com/features_detail.aspx?id=5875. конс. 11 август 2008. 
  77. „Anywhere But Home“. Allmusic.com. 2004. http://www.allmusic.com/album/r718908. конс. 11 август 2008. 
  78. „Fallen – Evanescence“. „AOL Music“. http://music.aol.com/album/evanescence/fallen/560488. конс. 16 декември 2010. 
  79. Evanescence Interview Ignites Christian Music Controversy“, Yahoo! Music, 16 април 2003 (конс. 20 август 2008).
  80. Kaufman, Gil. „Evanescence Fall From Grace“, „Rolling Stone“, 15 април 2003 (конс. 20 август 2008).
  81. Price, Deborah Evans. „Evanescence Set Pulled From Christian Distribution“, „Billboard news“, 16 април 2003 (конс. 20 август 2008).
  82. Conniff, Tamara. „Evanescence leader Lee unlocks 'Door'“, 12 септември 2006.
  83. „47th Grammy Awards – 2005“. „RockontheNet.com“. http://www.rockonthenet.com/archive/2005/grammys.htm. конс. 20 август 2008. 
  84. „50th Grammy Awards – 2008“. „RockontheNet.com“. http://www.rockonthenet.com/archive/2008/grammys.htm. конс. 20 август 2008. 

Надворешни врски[уреди]

Награди и достигнувања
Претходник
Нора Џонс
Греми Награди за Најдобар Нов Артист
2004
Наследник
Maroon 5