Ну метал

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ну метал е под-жанр на хеви металот кој се појавил во 1990-тите. Тој ги обединува стиловите како алтернативен метал, фанк метал, хип хоп, и разни други под-жанрови на хеви металот. Изразот „ну метал” за првпат е користен во текот на преглед на концерт во средината на октомври 1995 год. од страна на „Спин магазин” како „нов метал”. Како и бендовите на нивните претходници од фанк металот, повеќето ну метал бендови биле основани во Калифорнија. Како пример се бендовите P.O.D., Дефтонс и Корн кои се едни од првите ну метал бендови кои потекнуваат од Калифорнија и биле основани во раните 90-ти.[1]

Во повеќето случаи ну метал бендовите имаат агресивни вокали кој можат да пеат мелодично – слично на поп и рок, или пак со длабоки вокали, „смртоносни крици” и викања од разни жанрови на метал, хардкор панк, а како во фанк металот – рапувањето е често употребувано. Многу ну метал бендови имаат и ДЏ-и за додатна ритмика и создавање одредени инструмелнтални мелодии.[2]

Најпознати ну метал бендови се: Слипнот (анг. Slipknot) , Лимп Бизгит (анг. Limp Bizkit), Дистрбд (анг. Disturbed), Папа Роач (анг. Papa Roach), Линкин Парк (анг. Linkin Park) и многу други.[3]

Наводи[уреди]

  1. Van Pelt, Doug (2004). „Static X“. „Rock Stars on God: 20 Artists Speak Their Mind about Faith“. Relevant Media Group. стр. 180. ISBN 0-9729276-9-7. 
  2. Pieslak, Jonathan (2008). „Sound, text and identity in Korn's 'Hey Daddy'“. „Popular Music“ 27: 35–52. doi:10.1017/S0261143008001451. http://journals.cambridge.org/action/displayFulltext?type=1&fid=1584104&jid=&volumeId=&issueId=01&aid=1584100&bodyId=&membershipNumber=&societyETOCSession=. 
  3. McIver, Joel (2002). „It's their fault...the people who made it happen“. „Nu-metal: The Next Generation of Rock & Punk“. Omnibus Press. стр. 16–23. ISBN 0-7119-9209-6.