Linkin Park

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Linkin Park

Linkin Park на концерт во Прага, 2007.
Биографски податоци
Потекло Агура Хилс, Калифорнија, САД
Жанрови Алтернативен рок[1][2]
Алтернативен метал
Ну метал
Рап рок
Период на активност 1996–денес
Издавачи Warner Bros.
Machine Shop
Соработници Xero 19961998
Hybrid Theory 1999
Dead By Sunrise
Fort Minor
Jay-Z
Членови
Честер Бенингтон
Роб Бурдон
Брет Делсон
Дејв фарел
Џо Хан
Мајк Шинода
Поранешни членови
Кајл Кристенер (замена)
Скот Козиол (заменa)
Марк Вејкфилд(1996-1998)

Linkin Park (се чита: линкин парк) е рок група од Агура Хилс, Калифорнија. Од формирањето во 1996 година до денес имaат продадено повеќе од 50 милиони албуми и имаат освоено две греми награди.[3][4][5] Со нивниот прв студиски албум, Hybrid Theory, постигнале светска слава. Вториот студиски албум, Meteora, продолжува нивниот успех. Познати се и по неколку соработки, најмногу со раперот Џеј-Зи и нивниот заеднички албум Collision Course, и соработка со многу уметници на Reanimation. Албумот бил меѓу најпродаваните со скоро 625.000 копии. Имајќи ги адаптирано ну метал и рап рок жанровите до радио-пријателски, но сепак густо-слоевит стил, бендот истражи други жанрови во нивниот следен студиски албум, Minutes To Midnight. Иако на почетокот беше критикуван поради отстапката од дотогашниот стил, сепак го достигна нивото што го заслужува и претставува еден вид на еволуција на бендот.

Историја на бендот[уреди]

Почетоци (1996-1999)[уреди]

Почетоци (1996-1999) Историјата на Linkin Park започнува во 1996, кога Мајк Шинода и гитаристот Бред Делсон матурирале во средното училиште Агорија во предградието Аугора Хилс, Лос Анџелес, Калифорнија. По матурирањето, формирале група со својот пријател Роб Бурдон. Делсон се запишал на Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (УКЛА). Шинода одел во Арт центар колеџот за дизајн во Пасадена, Калифорнија. Додека бил во УКЛА, Делсон го запознал басистот Дејв Фарел. Делсон и Фарел биле цимери па често вежбале и свиреле заедно. Фарел пред тоа бил член на групата Tasty Snax со Марк Фиор, која подоцна го сменила името во The Snax. Фиоре подоцна станал и кинематограф на Linkin Park. Шинода го запознал Џо Хан на колеџ; Фарел и Хан се придружиле на групата и ја нарекле Xero. На овие петтина подоцна им се придружил и Марк Вејкфилд (вокалист). Овој состав го снимил својот прв демо албум наречен по групата (Xero). Демото го пратиле на повеќе изведувачи, но никогаш не се потпишале. Кратко време потоа Марк Вејкфилд ја напуштил групата.

Вејкдилд заминал, Шинода барал нов вокал; во исто време Делсон го интернира претставникот на Warner Brothers Records A&R, Џеф Блу, како дел од неговиот комуникациски степен. Блу го свртел вниманието на Бред и Мајк врз Честер Бенингтон, младиот вокалист од Феникс, Аризона, кој барал место во некоја група, откако бил вокалист во групата Grey Daze од 1993 до 1997. Шинода и Делсон му ја испратиле на Бенингтон само инструментална снимка на која тој требало да го сними вокалот. Бенингтон го повикал Шинода и му ја отпеал песната преку телефон, Мајк бил импресиониран од тоа што го слушнал и го повикал Бенингтон да дојде на аудиција кај нив во Лос Анџелес. На аудицијата биле и неколку други потенцијални вокали, но си заминале кога го слушнале Честер како пее. Групата го сменила името во Hybrid Theory. Фарел немал можност да го сними нивниот прв EP. Бас наместо него свиреле Делсон и Кајл Кристнер. Само во средината на 1999 година издале илјада копии од Hybrid Theory EP. Го смениле името во Lincoln Park, според паркот во Санта Моника, Калифорнија (сега познат како Christine Reed Park). Мислелe дека тоа е добро име, бидејќи Линколн-паркови има насекаде во Америка па секаде би се сметале како „домаќини”. Го прифатиле името Линколн Парк на неколку месеци, но кога решиле да го регистрираат името „lincolnpark.com” како веб-домејн, тоа веќе било зафатено. Бидејќи групата не можела да го купи, само го смениле „Lincoln“ во „Linkin“ и го купиле доменот „linkinpark.com“. И покрај тоа, се уште не можеле да потпишат договор. Откако биле одбиени од неколку големи издавачки куќи се обратиле кон Џеф Блу за дополнителна помош. Џеф, кој сега е подпретседател на Warner Bros. Records им помогнал да потпишат договор со Warner Brothers. Фарел привремено бил заменет со Скот Козиол. Скот се појавува во видео спотот „One Step Closer“од албумот Hybrid Theory.

Hybrid Theory (2000-2002)[уреди]

Linkin Park во Прага, 2007

На 24 октомври 2000 Linkin Park го издава својот прв албум Hybrid Theory во САД. Албумот е едитиран од музичкиот продуцент Дон Гилмор. Hybrid Theory беше добро прифатен од музичките фанови; бендот продаде повеќе од 4.8 милиони копии за време на неговата деби година, добивајќи го статусот на најпродаван албум за 2001. Неколку песни биле снимени како демо снимки за Hybrid Theory, но не се знае дали тие песни некогаш ќе бидат објавени како како официјална Б-страна. Првиот сингл бил „One Step Closer“. Својот прв концерт групата го одржала на 17 декември 2000 како дел од Almost Acoustic Christmas концерт на KROQ радио. Шинода напишал нова песна под наслов „My December“. Песната била издадена како Б-страна на синглот„One Step Closer“ и во неколку верзии на Hybrid Theory кои биле меѓународно издадени. Подоцна таа песна се наоѓа на албумот издаден од KROQ DJ Kevin i Bean.

На почетокот од 2001 година, Фарел се приклучил на групата и го издаваат вториот сингл со наслов „Crawling“ кој на групата и ја носи наградата Греми за „Најдобар хард рок настап“ во 2002 година, а исто така биле номинирани и за "Најдобар нов артист" и "Најдобар рок албум". На прва турнеја групата тргнала во склоп на Ozzfest, со други групи како што се: Black Sabbath, Marilyn Manson, Slipknot, и Zakk Wyldeov Black Label Society. Во средината на 2001 година групата го издала својот трет сингл „In The End“ (издаден е во два дела „In The End 1“ и „In The End 2“, издадено е и ДВД „In The End DVD“). Песната „In The End“ се покажала како најголем хит на групата за 2001 година. Режисери за видео спотот на песната биле Нејтан „Карма“ Кокс и Џо Хан. Првото ДВД Frat Party at the Pankake Festival групата го издава на 21 октомври 2001. ДВД-то ги содржи сите нивни спотови од албумот Hybrid Theory, документарец од турнеjата, тетоважите на Честер, цртежи и слики од Мајк и Џо и скриени содржини. Истиот месец, пријателката на групата, Џесика Бардас, предложува групата да формира фан клуб. Групата го прифаќа предлогот и така настанува Linkin Park Underground (LPU). Членовите секоја година добиваат пакети при зачленувањето, пакетот се состои од: маица со натпис Linkin Park Underground, перце, сликички, писмо од групата, членска книшка, ЦД, постери. Насловот на првото ЦД бил сменет во Hybrid Theory EP, со друга слика.

На почетокот на 2002 година групата ја започнала својата самостојна турнеа наречена Projekt Revolution. За време на турнеата Мајк и Џо заедно со The X-Ecutioners ја отсвириле „It's Going Down“. По враќањето од турнеjа, групата за прв пат од издавањето на својот прв албум Hybrid Theory влегува во студио. Откако добиле неколку ремиксови од своите први песни, Мајк решил да издаде ремикс на албумот. Тој на почетокот сакал да направи неколку ремикса и да издаде лонг плеј, но благодарение на подршката од сите членови на групата (посебно на Бред и Џо), Мајк се решил да оди чекор понатаму. Проектот насловен како Reanimation, се состои од ремиксови на песните од албумот Hybrid Theory, и ремиксот на песните „My December“ и „High Voltage“. Секоја песна била ремиксувана со друг изведувач и имало гласини дека Мајк во проектот добил дури 50 ремиксови. Мајк ги преслушал сите ремикси на песните и ги одбрал најдобрите. Само две песни не се нашле на албумот а тие се: „Pts.Of.Athrty“ која ја ремиксувал The Crystal Method (која подоцна била издадена на лонгплеј ЦД-то) и ремиксот на песната „By Myself“ направен од Marilyn Manson. Една верзија на ремиксот на песната „My December“ , исто така требало да биде издадена, но е повлечена бидејќи била многу мрачна. Изведувачи кои ги ремиксувале песните се: Chali 2Na од Jurassica 5, Стефан Ричардс од Taproot, Kelli Ali od Sneaker Pimps, Арон Луисод Staind, The Humble Brothers, Jonathan Davis од KoЯn, Aceyalone, Pharaohe Monch, The X-Ecutioners, Black Thought и Џеј Гордон од Orgy. Проектот е издаден на 30-јули-2002, негов прв и единствен сингл бил „Pts.Of.Athrty“.

Во ноември започнала втората година на ЛПУ позната како „LP Underground 2.0“. ЦД-то за членовите на клубот содржел ремикс на Crystal Method на „Pts.Of.Athrty“ и песната „Dedicated“. Исто така ЦД-то содржи инструментална песна во траење од педесет секунди, под наслов „A.06“. Во суштина тоа било демо за нивниот нов албум, Meteora.

Meteora (2002-2004)[уреди]

Бред Делсон свири во Smirnoff музичкиот центар.

Следејќи го успехот на Hybrid Theory и Reanimation Линкин Парк поминуваат значајно време на турнеи околу САД. Групата во студиото се вратила кон средината на 2002 година за да го изработи својот втор студиски албум. Името на албумот било тајна сѐ до декември, кога е обелоденето дека ќе се вика Meteora, кои се инаку формации на големите карпи во Грција; името за албумот го одбрале од едно списание додека биле на турнеа. Првиот сингл од албумот бил „Somewhere I Belong“ и бил издаден во февруари 2003 година. Meteora е издаден на 25-март-2003 и го освојува првото место на Billboard Music Chart по продажбата на 810.000 копии во првата недела. Продале 11 милиони копии во целиот свет, повеќе од половината се продадени во САД. Успехот на албумот им дозволил повторно да одат на турнејата Rrojekt Revolution со Blindside, Mudvayne и Xzibit. „Faint” бил издаден како сингл при крајот на нивната турнеа (издаден во два дела„Faint Pt.1“ и „Faint Pt.2“). Видеото за сиглот е снимено во Прага, во Република Чешка, додека истовремено го снимале и видеото за синглот за песната „From The Inside“. Пред да го завршат видеото на песната „Numb“, Бенингтон се разболел, па останатиот дел од видеото го снимиле во црква во Лос Анџелес.

На 18 ноември 2003, Linkin Park го издава ЦД/ДВД сетот наречен Live in Texas (Во живо од Тексас). Материјалот е снимен додека биле на Summer Sanitarium турнејата во Далас и Хјустон, во Тексас. DVD-то во себе има искомбинирано два концерти снимени во живо, видео DVD-то вклучува 17 песни, додека CD-то вклучува 12 од 17. Во ноември започнака третата година од ЛПУ. ЦД-то се состоело од пет песни кои се изведувани со Live In Texas DVD-то кои не биле вклучени во ЦД-то. На некои членови од групата тоа многу не им се допаднало бидејќи очекувале некои други песни как што било во CD-то во втората година на LPU.

Кон крајот на 2003 година, групата го изведе својот трет KROQ almost Acoustic Christmas концерт. Го одржале само една вечер и отпеле 17 песни. Ја свиреле песната „One Step Closer“ имсе придружил и фротмен пеачотод групата P.O.D., Sonny Sandoval. На почетокот на 2004 групата ја започна „Meteora World Tour“ со P.O.D., Hoobastank и Story Of The Year.

Во текот на турнеата, меѓународно е издадено видеото за песнатана „From The Inside“. По „Meteora World Tour“ групата започнала да работи на нивното најамбициозно видео, видео кое било на основа на песната „Breaking The Habit“, кое било изработено во истото студио каде била изработена сцената за Kill Bill, Production I.G., директори биле Kazuto Nakazawa и Joe Hahn. Во видеото може да се види како душата на Честер патува низ една стамбена зграда посетувајќи ги лугето со разни навики од кои тие сакаат да се откажат. Пред се требало да се издаде синглот „Breaking The Habit“, исто така бил издаден и синглот „Lying From You“.

Странични проекти (2004-2006)[уреди]

Честер Бенингтон за MTV Азија, 2005

Linkin Park тргнал во нова трета турнеа Projekt Revolution. Имале две сцени кои ги нарекле Revolution Village. Турнеата била многу слична Оз фестот Vans Warped Tour. На главната сцена биле Linkin Park, Korn, Snoop Dogg, The Used i Less Than Jake, додека на другата сцена настапувале Ghostface, Funeral For A Friend, M.O.P., Downset, No Warning, instruction and Autopilot Off. На турнеата одел и DJ Z-Trip кој ја забавувал публиката во моментот на замена на групите.

Кон крајот на 2004. Linkin Park најавиле соработка со Jay-Z на молба од MTV. Collision Course, издаден е на 30 ноември 2004 година. Содржел седум песни од Linkin Park измешани со шест песни од Jay-Z. Првиот сингл е „Numb/Encore“, на дваесетото место од Billboard скалилото каде остана полни шест месеци, на крај групата за него освои Греми. Албумот бил задржан на првото место.

Во ноември започнала четвртата година на LPU. CD-то содржи две нови песни од кои една е само со инструменти и трае две минути а се вика „Sold My Soul To Yo Mama”,а втората е со наслов “Standing In The Middle”. 2005 година, била доста тивка за Linkin Park. Групата организира Music For Relief, организација за помош на настраданите во Цунамито од 2004, одржаа две шоу емисии, една во Калифорнија за Music For Relief, и една во текот на Live 8 концерти во Филаделфија. Во јули истата година, Шинода најавил хип-хоп проект Fort Minor. Шинода тоа го објаснувал како враќање во неговите хип-хоп води. Кратко време откако Шинода го најавил својот проект, Честер истотака открил дека работи на свој соло проект. Проектот ги вклучува Amir Derakh и Ryan Shuck од Orgy, двајцата свират на гитара и се продуценти. Малку се знае за проектот на Честер под наслов Snow White Tan, чиј наслов подоцна бил сменет во Dead By Sunrise. Linkin Park ја започнува петтата година на LPU која почнала 21 ноември 2005. CD-то содржи песни испеани на Live 8.

Minutes to Midnight (2006-денес)[уреди]

Во декември 2005, Mike Шинода потврдил дека е ко-продуцент на третиот албум на Linkin Park. На 8 февруар 2006 групата го најавила продуцентот на нивниот трет албум, Rick Rubin, кој исто така работел со групи, како што се The Beastie Boys, Red Hot Chili Peppers, System Of A Down и многу други.

Linkin Park во август 2006 година одржал Summer Sonic, кој го организирала Metallica во Јапонија. Новата песна во моментот наречена QWERTY, како што на некои радио станици е наречена “Behind You Lies”,откако била отпеана ги преплавила веб страниците. Исто така ја отпеале и песната “Reading My Eyes”, која ја напишале и отсвириле додека групата се викала Xero. На 29 август 2006 целиот каталог вклучувајќи ги и нивните книшки додадени се во iTunes Music Store. Linkin Park била една од најпознатите групи кои не ги продавале своите дигитални верзии по интернет. Во интрвјуто за KROQ Мајк Шинода изјавил дека веројатно новиот албум ќе го издадат во 2007 година. Oваа информација била потврдена на интрвју за MTV.

Linkin Park се појавил на MTV во емисијата Total Request Live во средата на 27 септември 2006 година кога во интрвју Честер изјавил дека новиот албум на Linkin Park векќе нема да биде Nu-Metal, кој го практикувале во минатото. Новиот албум ќе бил мешавина од пунк, класичен рок и хип-хоп. Во октомври групата има интервју со Rolling Stone списанието, во кој групата изјавила дека од 120 песни избрале 17 најдобри. Мајк опишал една од песните на која работеле, песната е наречена “Accident”, и изјавил дека она звучи поинаку од останатите кои ги издале. Службено е потврдено дека новиот албум на Linkin Park излегува на 15-05-02007. албумот ќе се вика Minutes to Midnight, а првиот сингл од тој албум ќе биде под наслов What I've Done и премиерно ќе биде прикажан на 02-04-2007 година.

Членови на групата[уреди]

Сегашни[уреди]

Поранешни[уреди]

  • Марк Вејкфилд – вокал (1996–1998, кога составот го носел името "Xero")
  • Скот Козиол — Басист, со Linkin Park го има снимено албумот Hybrid Theory, синглот One Step Closer, а се појавува и во видеото на One Step Closer.
  • Кајл Кристенер — Басист кој го заменил Феникс за времето кога составот се нарекувал Hybrid Theory.

Дискографија[уреди]

Студиски албуми[уреди]

Мини албуми/Демо касети[уреди]

Ремикс албуми[уреди]

DVDs/Live CDs[уреди]

Наводи[уреди]

  1. IGN, Linkin Park - Minutes To Midnight, посетено на 27 јануари, 2008.
  2. MetaCritic, Minutes To Midnight, посетено на 27 јануари, 2008.
  3. Marketwire.com, Linkin Park on top of the charts, посетено на 7 јуни 2007
  4. Rock On The Net, Grammy Awards: Best Rap/Sung Collaboration, посетено на 9 јуни, 2007
  5. Rock On The Net Grammy Awards: Best Hard Rock Performance, посетено на 14 јуни, 2006

Надворешни врски[уреди]