Викиншки метал
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Викиншкиот метал (Viking Metal) е фузиран жанр на метал музиката кој опфаќа голем број на групи и се однесува пред сè на тематиката на песната, а не нејзината музика. Групите кои припаѓаат на овој жанр се припадници на многу правци на метал музиката, како фолк метал, блек метал, дет метал, а во последно време и на пауер металот.
[уреди] Развој
Викиншкиот метал најверојатно потекнува од групата Bathory и нивните албуми Blood Fire Death и Hammerheart. Овие албуми прават фузија помеѓу блек металот и нордиската народна музика за да постигнат една епска, паганска атмосфера, полна со сцени од нордиската митологија. Друг важен албум за овој жанр е The Wayward Sons Of Mother Earth од бендот Skyclad, кој заедно со Hammerheart, помага во дефинирањето на жанрот фолк метал.
[уреди] Музички белези
Иако викиншкиот метал не може да се класифицира технички како жанр со свои посебни белези, разните викиншки метал бендови делат некои слични аспекти. Скоро универзална е почитта кон паганската германска и викиншка култура, како и одбивноста кон христијанството и негова замена со неопагански и Асатру верувања. Самата музика е често романтизирана и епска, слична на нордискиот фолклор и создава атмосфера збогатена со паганска и метал традиција.
[уреди] Изведувачи и албуми типични за прaвецот на Викинг метал
- Bathory «Blood Fire Death» (1988)
- Einherjer «Blot» (2003)
- Ensiferum «Iron» (2004)
- Falkenbach «Ok Nefna Tysvar Ty» (2003)
- Moonsorrow «Suden Uni» (2001)
- Thyrfing «Vansinnesvisor» (2002)
- Vintersorg «Ödemarkens Son » (1999)
- Windir «Likferd » (2003)
