Металци
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Металци („metalheads“ во англојазични земји) е популарен назив за луѓе кои слушаат хеви метал музика и припаѓаат на хеви метал поткултурата.
Танц [уреди]
Некои движења на телото се речиси универзални во метал културата, како што се „удирањето со глава“ (англ. headbanging), „скокањето од бина“ (stage diving), шуткањето (moshing, pitting), сурфањето и скокањето во публиката (crowd surfing), и свирањето на невидливи гитари — „воздушна гитара“ (air guitar). Исто така се присутни и разни гестикулации со рака како познатите „ѓаволови рогови“.
Носија [уреди]
Хеви метал носијата на раните 1980-ти се состоила главно од тексас фармерки, каубојки, црни маици и кожни јакни со навртки и пришивачи на бендови. Долга коса била речиси обврзна.
Во 1990-тите, металската мода малку се променила, во склад со појавата на поекстремни правци на металот, како дет метал, блек метал и гриндкор, како и под влијанието на гранџ и готик. Црната боја доаѓа повеќе до израз и црни тексас фармерки или маскирни панталони полека заменуваат сини тексас, кои сега претставуваат стил на одумдесетите. Мартинки главно заменуваат каубојки, а наместо јакни со навртки и пришивачи, сите сè повеќе ги носат популарните јакни „виетнамки“.
Иако долга коса понатака останува неразделив елемент на хеви метал културата, во 90-тите станува прифатена и кратка коса или избричена глава, највеќе под влијанието на Metallica, Кери Кинг од Slayer и Фил Анселмо од Pantera. За разлика од металците во 80-тите кои најчесто се бричеле, или носеа мустаќи, во 90-тите бради станаа популарни, а посебно тнр. „шилесто брадиче“.
